Се наоѓа на реката Боде, приближно 8 километри западно од Кведлинбург. Тале е и завршна станица на железничка линија Магдебург-Тале.
Историја
Населбата Тале, веројатно се појавила во X век. Првпат била спомнато во 936 година во врска со соседниот манастир Вендхузен, кој бил основан пред 840 година и бил еден од првите манастири на саксонска земја. Во периодот кој следи, манастирот нашол заштита од манастирот Кведлинбург. Селото било опишано во 1231 година, како Dat Dorp to dem Dale (од 1288 му било даден опис de valle, и од 1303 како von Thale). Манастирот бил уништен во 1525 година, во текот на Германската селанска војна.
Припојувања на други села
Варнштет бил припоен во 2003 година.[2][3] Во 2009 година, вкупно седум општини биле припоени на четири различни датуми.[4] Вестерхаузен бил додаден во 2010 година.[5] Алроде станал дел од општината Тале во 2011 година.[6]
Грбот бил одобрен на 11 јули 1996 година од Регионалниот совет Магдебург (Regierungspräsidium).
Партнерства
Од 1990, Тале има градски партнерства со Зесен (Долна Саксонија) на северозападното подножје на Харц, од 1998, со францускиот град Жувизи-сур-Орж, 18 км од Париз, како и Тилабери во Нигер, северозападно од реката Нигер.
Култура и места на интерес
Црква Свети Петар (1908)Ветерница во ВарнштетПоглед од Хексентанцплац над ТалеПоглед од Хексентанцплац на Тале околу 1900Слика во близина на железничката станица во Тале
Клисура Боде - Тале е влезната точка на клисурата Боде, што излегува кај Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“), достапна со гондолата „Клисура Боде“ и Рострапе. На Hexentanzplatz е голем отворен театар и зоолошка градина.
Вештерска патека Харц (Harzer Hexenstieg), долга патека, која води од Тале до Остероде, минувајќи низ различни знаменитости на патот, вклучувајќи ги и Брокен, Торфхаус, Дамграбен и езерцата на Горен Харц.
Медиум
Тале е местото на случување во романот на Теодор Фонтан, Сесил (Cécile). Фонтан останал во Тале, повеќепати помеѓу 1868 и 1884.