Таратор
![]() Таратор[1] или таратур[2] — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето. Како се прави (рецепт)Состојки (за четворица)
Потребен специјален прибор
ПодготвувањеЛукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот сосе солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична смеса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст. Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сечкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens). СервирањеГотовиот таратор пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз. Галерија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia