Татабања
Татабања (унгарски: Tatabánya) — град со население од 70,003 луѓе во северозападна Унгарија, во централно прекудунавскиот регион. Тој претставува главен град на округот Комаром-Естергом. ![]() ГеографијаГрадот е сместен во долината помеѓу планините Гересе и Вертес, на околу 55 км од главниот град на државата - Будимпешта. Во основа поради својата местоположба градот е спој на железничкиот и патниот транспорт. Автопатот M1 (како и европските патишта E60 и E75) кој ја поврзува Будимпешта со главниот град на Австрија, Виена, како и железницата која ги поврзува овие два града поминува низ градот. ИсторијаАрхеолошките пронаоѓалиште докажуваат дека луѓето живееле на местото на денешниот град уште од камено време. Трите историски претходници на денешниот град се Алшогалала, Фелшогала и Банхида. Бенхида е најраната населба, која за првпат била спомената во 1288 година. ![]() Во 16 век, Отоманците ја окупирале облсата. Околу истото време населението станало протестантско. Подоцна феудалците од куќата на Естерхазис кои владееле со областа, ја населиле со римокатотолички Германци и Словаци. Според пописот од 1787 година, Алшогала имала 580, а Фелшогала 842 населеници. Изворите на јаглен во областа биле откриени во тоа време. Бројот на населението почан да расте и нова рударска колонија била формирана, која подоцна се развила во селото Татабања. За време на индустријализацијата, се случил бран во земјата после Втората светска војна. Со тој бран неколку унгарски гратчиња биле претворени во индустриски градови. Четирите селца биле обединети на 1 октомври 1947 година во еден град под името Татабања. Во 1950 година станал и главен град на округот Комаром-Естергом (тогаш се викал само Комаром). Во 1980-тите веќе имал население поголемо од 80.000. Индустрискиот карактер на градот бил значаедн сè до падот на социјалистичката влада и следните политички промени во 1989. После тоа, значењето на тешката иднустрија и рударството се намалило со што и економската структура на градот нагло се променила. ИнфраструктураСпоред пописот од 2001, Татабања имала 28.912[1] дома и 60% имало централно греење и телефонски врски. Речиси секое домаќинство има пристап до кабловска телевизија. 98% од градските патишта се поплочени, а сообраќајот е добро организиран. ОбразованиеСè до средниот 20 век, образовните стандарди во градот биле на средно ниво, но во вотрата половина на векот тие се намалиле, како резултат на тоа што локалните рудници не барале нивните вработени да имаат висок степен на образование. Сепак кон крајот на 20 век, овој тренд бил повторно повратен. Градот моментално има 2 колеџа, 10 средни училипшта, 16 основни и 18 градинки. Култура и спортНајзначајна културна институција во градот е театарот Мари Јасаи. Градот има и уште неколку други институции (музеи, библиотеки.) Татабања има фудбалски тим кој се вика ТБСЦ, кој бил создаден во 1910. Градот исто така е домаќин на успешен ракометен клуб - Татабања Карбонекс. Туристички атракции
Окрузи на градотТатабања моментално е поделен на 6 окрузи:
Интернационални врскиПобратимени градовиТатабања е побратимен со:
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia