КомунизамКомунизам е политичка теорија и политичко движење чии приврзаници се залагаат за воспоставување на бескласна и бездржавна заедница на изобилството, при што сметаат дека единствениот начин за создавање услови за премин кон една таква заедница е воведувањето на еднопартиска диктатура со тоталитарни одлики на чело со комунистичката партија. Обично, комунизмот се дефинира само преку стремежот за остварување на бескласно општество во кое распределбата ќе се врши според принципот „секој според способностите, секому според потребите“, но бидејќи и други левичарски теории тежнеат кон истата цел (во прв ред анархистите), потребно е при дефинирањето на комунизмот да се вклучи и начинот преку кој комунистите имаат намера да го изградат бескласното општество, односно - убедувањето дека патот до бескласното општество води преку т.н. „диктатура на пролетаријатот“.
Обично, помеѓу комунистичките теории се вбројуваат и еврокомунизмот и комунизмот на советите, но тие, освен своето име, во суштина немаат многу заедничко со комунистичките теории. ИсторијаСпоред Фридрих Енгелс, Карл Маркс го прифатил зборот „комунист во 1847 година, како замена за изразот „социјалист“, зашто во тоа време социјализмот веќе уживал определена почит кај буржоазијата.[1] Како политичка сила комунизмот бил влијателен речиси во целиот XX век, почнувајќи од Октомвриска револуција од 1917 до падот на комунизмот во бившиот Советски Сојуз и во Источна Европа во периодот 1989-1991. Комунизмот особено бил популарен во текот на 1950-тите и 1960-тите години кај сиромашните земји во Азија и Африка, на кои никогаш порано не им успеало да се ослободат од империјализмот на Западно Европските земји. Под закана од уште поголема популарност на комунизмот, големите сили и членки на НАТО, како што се САД, Велика Британија, Франција, Белгија, Португалија итн, се повлекле од своите дотогашни колонии - речиси цела Африка, Кина, Индија, Индокина, Кореја, Куба итн. Некои земји, како Индија и голем број Африкански земји, не станале комунистички, иако светскиот наплив на популарност на комунизмот им билод помош на патот кон самостојноста. Денес, влијанието и привлечноста на комунизмот се драстично намалени, иако сѐ уште постојат земји, како Кина, Куба, Северна Кореја, Виетнам и Лаос, каде што на власт се комунистите.
Комунизмот како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia