Ташко Начиќ
Ташко Начиќ (српски: Ташко Начић ; 7 април 1934 – 27 март 1993 година)[1] ― југословенски и српски глумец. Ран животПо татко, Ташко е Влав со потекло од Заечар.[2] Студирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што дипломирал во 1956 година.[3] ТеатарВо 1954 година станал член на Народниот театар во Белград, каде играл во претставите „Станоје Главаш“ и „Госпоѓа Министарка“.[3] Набргу потоа заминал во театарот Бошко Буха, а потоа во новооснованото Ателје 212 каде останал до својата смрт.[4] Глумел во бројни претстави како: „Арсеник и стара чипка“, „Картотека“, „Кралот Иби“), „Виктор или децата на власта“, „Кафаница, судница, лудница“, „Капите доле“, „Галеб“, „Марк и густа шума“, „Со задоволство оди Србинот со задоволство влегува во војска“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Пурпурен остров“, „Радован III“, „Чудо во Шарган“, „Не пукај, бре“ (монодрама), „Ожалостено семејство“, „Материјалисти“, „Пропаст на српското царство“, „Чапја“, „Кариера“, „Париска комуна“, „Свеќар“. Филмови![]() Во филмовите, тој првпат се појавил во филмот на Воислав Нановиќ, „Подобро е да се знае“ во 1960 година, а потоа во „Боксерите одат во рајот“, „Бубашинтер“, „Мајсторот и Маргарита“, „’Рбет“, „Кој тоа таму пее“, „Ало, такси!“, „Давител против давител“, „Матуранти“, „Викенд на мртовци“, „Луди години“, „Тајната на манастирската ракија“, „Тесна кожа 4“ и „Јуриш кон собранието“.[4] Играл и во бројни ТВ серии и ТВ филмови, како „Дипломци“ и „Подобар живот“.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia