Република Србија (1992—2006)
Република Србија во периодот 1992-2006 ― државното уредување на Србија од 1992 до 2006 година, кога била во составот на СР Југославија/Србија и Црна Гора. Со донесувањето на Уставот на Србија од 1990 година, било одлучено името Социјалистичка Република Србија да биде променето во Република Србија, име која го задржала и по 1992 година. Како дел на Србија, исто така останала и Војводина со Нови Сад како главен град, и Косово и Метохија со главен град Приштина. Меѓутоа, од 1999 година, по војната на Косово и Резолуцијата 1244 на Обединетите нации, Автономната Покраина Косово и Метохија станала меѓународен протекторат на УНМИК. Во 2002 година, во сојузното собрание во Белград, бил, постигнат договор во реконструирање на Федерацијата и СР Југославија го сменила името и уредувањето во 2003 година. Со тоа, Република Србија до 2006 година, била во состав на државата Србија и Црна Гора. Во 2006 година, по прогласувањето на независноста на Црна Гора, државата Србија и Црна Гора била распуштена. ЕкономијаСанкцииВо текот на поголемиот дел од 1990-тите и почетокот на 2000-тите, санкции биле спроведувани против Србија. санкциите против Југославија почнале да бидат повлекувани по соборувањето на Милошевиќ и повеќето биле укинати до 19 јануари 2001 година.[2] Поврзано
Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia