Тања Андрејева
Тања Андрејева (родена на 17 јуни 1978) — македонска ракометарка. Таа игра за ЖРК Металург и за Женската ракометна репрезентација на Македонија.[1] Игра на позицијата голман. Тања започнача да тренира ракомет на 14 годишна возраст во малдинскиот тим на Ѓорче Петров. На 19 години во сезоната 1997/98 таа станала член на првиот тим на Кометал Ѓорче Петров. подоцна таа го напуштила клубот и играла за клубовите на РК Тутунски Комбинат од Прилеп и за РК Кале Кичево од Кичево. Во сезоната 2007/08 се вратила во Кометал Ѓорче Петров и со клубот ја освоила двојната круна. Следната сезона Тања направила трансфер во Србија во клубот на ЖРК Кикинда.[2] По една година повторно се вратила во Македонија, во клубот на ЖРК Металург.[3] Со ЖРК Металург успеала да ја освои Македонската лига и Македонскиот куп трипати по ред, од 2009 до 2012 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia