Театарот во КатарТеатарот бил воведен во Катар во средината на 20 век. Повеќето претстави се одржуваат во Катарскиот национален театар и Катарскиот национален конгресен центар. ИсторијаПрвата официјална театарска група во земјата е создадена во 1972 година како „Катарска театарска група“. Истата година, тие ја продуцирале својата прва претстава.[1] Следната година била основана втора група како „Театарската група Ал Сад“.[2] До 1986 година, првата театарска компанија била основана со цел да им помогне на групите и на глумците во производството на претстави.[1] Во овој период биле создадени уште две театарски групи: Театарската група „Светлина“ и „Народна Театарска група“. Во 1994 година, четирите групи биле споени во две групи: Катарска театарска група и Театарска група на Доха.[2] Најстариот аматерски театарски клуб на англиски јазик во Катар е The Doha Players.[3] Клубот е формиран во 1954 година, а во 1978 година создал официјална локација, со што станал единствениот аматерски театарски клуб што во тоа време имал своја театарска локација.[4] Места на одржување![]() Театарските претстави се одржуваат на различни места. Катарскиот Национален Конгресен центар располага со театарска сала со 2.300 седишта.[5] Катарскиот национален театар, кој е во сопственост на Министерството за култура, уметност и наследство,[6] стапил во функција во 1982 година и има капацитет од 490 седишта.[7] Во културното село Катара има затворен театар со седишта за 430 луѓе.[8] Во Сук Вакиф има затворен театар со капацитет од 980 седишта, познат како Театарот Ал Реијан.[9] ТемиОд појавата на театарското движење во Катар, постои противење кон нетрадиционалните теми прикажани во претставите. Еден фактор што предизвикал неодобрување е распространетоста на модерните драми кои се во спротивност со длабоко вкоренетите исламски вредности. Друга главна причина за спротивставувањето во инаугуративните години на театарот, била и појавата на идеолошки јаз помеѓу поконзервативната постара популација во земјата и полибералната млада популација што била предизвикана од брзиот економски развој на Катар во средината на 20 век.[10] Абдулрахман Ал-Манаи ја напишал првата драма која го адресирала конфликтот помеѓу генерациите со различни гледишта, со наслов Омул Заин.[11] Темите поврзани со полигамијата, бракот, семејните проблеми и корупцијата на децата обично се сметаат за табу теми. Примарната причина за ова е затоа што таквите теми најчесто вклучуваат преиспитување на традиционално зачуваните вредности.[12] Пример за ова е драмата Ибтисам на обвинителна клупа од 1985 година, напишана од Салех Ал-Манаи и Адил Сакар. Во приказната се раскажува за животот на една млада девојка која, откако стапила во тајна врска, на својот татко му ја исповедала својата разочараност од застарените традиции и додворувачот што нејзиното семејство го договорил да се омажи.[13] Друга претстава, „Пазар за девојки“ од Абдула Ахмед и Асим Тавфик, исто така дава социјални коментари за договорените бракови. Во драмата се споредуваат чинот на нудење на жените со плаќање на додворувачи и тргувањето со стоки на пазарот, па оттука доаѓа и поврзаноста на договорениот брак со материјализмот.[14] Кога квартетот составен од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинале сите врски со Катар и вовеле блокада на Катар на 5 јуни 2017 година, пораснал бројот на драми со политичка тематика. Еден од најпознатите е оној на Ганем Ал Сулаити, со наслов Што се случува?, што го сатира политичкиот спор меѓу Катар и неговите соседи, оди дотаму што директно ги критикува земјите што ја направиле оваа блокада.[15] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia