Телекомуникациска мрежа
![]() Телекомуникациска мрежа — колекција на терминали, линкови и јазли кои се поврзани заедно за да се овозможи телекомуникација помеѓу корисниците на терминали. Мрежите може да користат кружно префлрлање или префрлање на пораки. Секој терминал во мрежата мора да има уникатна адреса за пораките или врските да може да бидат насочени до вистинските примачи. Колекцијата на адреси во мрежата се нарекува адресен простор. Врските служат за поврзување на јазлите и тие самите ја сочинуваат основната мрежа за пренос која физички ги носи пораките низ врските. Примери на телекомуникациски мрежи се:
Пораки и протоколиПораките се создадени од терминал кој испраќа пораки, кои потоа минуваат низ мрежата од врски и јазли сè додека не стигнат до терминалот кој треба да ги прими. Тоа е работа на преодните јазли кои се справуваат со пораките и ги насочуваат до врските кои треба да ги однесат до конечното одредиште. Пораките се состојат од контрола (или сигнализација) и носечки делови кои може да бидат испратени заедно или поединечно. Носечките делови се всушност содржината која корисникот сака да се пренесе (пр. некој шифриран говор, или е-пошта) додека делот за контрола им дава иннструкции на јазлите каде и веројатно како пораката да биде пренесена низ мрежата. Голем број на протоколи се развиени со текот на годините за да се одреди како секој друг вид на телекомуникациска мрежа би можела да ги контролира и носи пораките ефикасно. Составни деловиСите телекомуникациски мрежи се составени од пет основни составни делови кои се присутни во секоја мрежна околина, без оглед на нивниот тип или употреба. Овие основни компоненти вклучуваат терминали, телекомуникациски обработувачи, телекомуникациски канали, компјутери и телекомуникациски софтвер за контрола.
Првите мрежи кои биле изградени, биле направени без компјутер, но подоцна во 20 век нивните центри за прекинување (или switching centers) биле компјутеризирани или мрежите беа заменети со компјутерски мрежи. Мрежна структураВо принцип, секоја телекомуникациска мрежа идејно се состои од три дела, или нивоа (затоа што може да ги гледаме како да се посебни мрежи, или во различни слоеви overlay networks):
Пример: TCP/IP податочна мрежаПодаточната мрежа има широка употреба низ целиот свет за да поврзе поеднинци и организации. Податочните мрежи може да се поврзат заедно за да им овозможат на корисниците непречен пристап до ресурсите кои не се наоѓаат на услужникот на кој ти е се приклучени. Интернет е најдобар пример за многу податочни мрежи од различни организации кои работат под еден адресен простор. Терминали поврзани со TCP/IP мрежи се адресирани користејќи Интернет адреси. Има различни типови на интернет адреси, но најмногу се користат IP Version 4. Секоја уникатна адреса содржи 4 цели броеви од 0 до 255, обично се одвоени со точки, пр. 82.131.34.56. TCP/IP се основни протоколи кои овозможуваат контрола и насочување на пораките низ мрежата на податоци. Постојат многу различни мрежни структури TCP/IP може да се користи ефикасно за насочување на пораки, на пример:
Постојат три одлики по кои се разликуваат MANs од LANs или WANs:
ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia