Тенкоклуна рибарка
Тенкоклуната рибарка (науч. Thalasseus sandvicensis), (син.. Sterna sandvicensis)[2] е средно голема птица од семејството на рибарките. Има сиви горни делови, а бели долни. Клунот е црн со жолт врв. На главата има бушава црна креста која е со послаб интензитет во зима со белата круна. Ловат риби нуркајќи со залет од високо, а нудењето риба на женката е дел од додворувањето на мажјакот. ТаксономијаРибарките се мали до средни птици кои по надворешност личат на галебите, но обично со поделикатна, полесна градба и пократки и послаби нозе. Имаат долги, зашилени крилја кои им овозможуваат брз лет, и обично имаат убаво изразена чаталеста опашка. Повеќето видови се сиви одозгора и бели одоздола, со црна капа, која се редуцира или покрива со бело зиме.[3] Тенкоклуната рибарка за првпат беше опишана од орнитологот Џон Латам во 1787 година како Sterna sandvicensis, но од неодамна е преместена во својот род Thalasseus, следејќи ги ДНК студиите кои потврдија дека трите типа на декорации на главата (бела круна, црна капа и црна капа со бела дамка на челото) ги имаат рибарките во определените кладови.[2] Сегашното име на видот потекнува од грчкото Thalassa, „море“, и sandvicensis кое се однесува на Сендвич (Кент), мало гратче во Англија, Латамов локален тип. Кај птиците, обично sandvicensis се однесува на вид кој за првпат е забелажан на Хаваите, порано познати како Сендвички Острови ("Sandwich Islands"), но оваа рибарка воопшто ја нема таму. Птицата им три подвида:
Опис![]() Тенкоклуната е средно голема рибарка, со должина од 37 до 43 см и распон на крилјата 85-97 см, која не може да се помеша со некоја друга во својот опсег, освен во Јужна Америка со T. elegans. Клунот на оваа рибарка е тенок, остар, црн со жолт врв (освен расата во Јужна Америка која има жолт или портокалов клун). Кратките нозе се црни. Одозгора крилјата се светлосиви, а долните делови се бели. При лет, оваа птица изгледа многу светло иако примарните пердуви за летање се потемни летно време.[4] Зимно време, челото на птицата станува бело. Младенчињата имаат темни врвови на опашките и скалест изглед на грбот и крилјата.[4] Огласувањето на тенкоклуната рибарка е карактеристично гласно крескање кер-ик или кирр-инк.[4] ПоведениеОвој вид се размножува во многу густи колонии на бреговите од океаните или островите, понекогаш во копното во одговарачка средина, крај големи езера, близу до брегот. Гнездат во плитка дупка на земја и несат 1 до 3 јајца. За разлика од другите рибарки не се толку агресивни во одбрана од грабливците, но се сместуваат близу, често само 20-30 см до поагресивните арктичка рибарка (Sterna paradisaea) и езерскиот галеб (Chroicocephalus ridibundus), за да ја избегнат опасноста. Како и другите рибарки, и оваа се храни со нурнување од лет, директно, на тој начин ловејќи ја рибата. Нудењето риба на женката е дел од додворувањето на мажјакот за време на сезоната на парење. СтатусТенкоклуната рибарка е широко распространета на 100.000–1.000.000 км², со популација од 460.000 до 500.000 поединци. Популацијата не се намалува во трендот кој се смета за критичен (повеќе од 30% во 10 години или три генерации), па затоа се смета на вид со најмала загриженост.[1] Сепак, Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни миграторни птици, се однесува и на овој вид.[5]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia