Тенкоклун галеб
![]() Тенкоклуниот галеб (Chroicocephalus genei) е средна по големина птица од семејството галеби, редот на бекасовите. Го има во Македонија. РаспространетостТенкоклуниот галеб е најмногу распространет и се пари околу Средоземјето, северниот дел на западниот Индиски Океан (на пр. Пакистан) на островите и крајбрежните лагуни. Поголем дел од населението се миграторни и се преселуваат на југ да презимат во Африка и Индија, а некои птици зимауваат на запад, во Европа. А заскитан поединец бил видени на 24 април 1976 година во Антигва, (AOU, 2000). ОписОвој вид се одликува со 37–40 cm должина и со 90–102 cm распон на крилја. Сличен е со црноглавиот галеб, но е малку поголем и главата не му е црна, туку бела. Тенкоклуниот галеб е речиси целиот бел, освен во лето, вратот, градите и долниот дел му се розови, а краевите на основните пердуви му се сиви и црни. На опашката има црно-бели ленти. Клунот му е елегантен, вратот долг, а нозете црвени. Оваа птица станува зрела по втората година кога станува возрасен галеб. Првата година крилата на птиците се потемни и имаат црна опашка. Името на оваа птица доаѓа од италијанскиот природонаучник Џузепе Гене. ИсхранаТенкоклуниот галеб се храни со мали риби, инсекти и ракчиња. РазмножувањеОвие птици се гнездат во колонии, оддалечени по помалку од 1 м, па дури и само по 20 см. Гнездото е претставува мала вдлабнатинка во песокот или на земја и несат 2-3 јајца. Како и повеќето галеби, тој е повеќе дружељубив во зима и прави поголеми јата. Тој не е океански вид и ретко се гледа на море, далеку од бреговите. Тој е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA). Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia