Теодеберт I
Теодеберт I (или Тиберт I) (°v. 504, +548) бил крал на Франките, кој владеел на источниот дел на кралството (идна Австразија). Негова престолнина бил градот Трир. ЖивотописПотекло и почетоциТеодеберт I е син на кралот на Ремс, Теодорих I и на Суавегота Бургундска. Во 533 води поход против Визиготите во Септиманија. Го заема Родез, Лодев, еден дел од Битероа , потоа напредува кон Рона, го зазема Узес и под опсада го става Арл[1]. КралСтанува крал на Мец во 534 по смртта на неговиот татко и поради тоа морал набрзина да ја прекине опсадата на Арл и да си ги земе своите права [2]. Неговите чичковци Хилдеберт I и Клотер I имале намера да си го поделат неговото кралство, но големите се спротивставиле и го поддржале Теодеберт, кој најпосле бил прифатен од Хилдеберт. Двајцата заедно тогаш тргнале во војна против Клотер, кој побегнал во некоја шума. Додека тој бил под опсада, град ги уништило камповите на неговите непријатели па овие исплашени се откажале од опсадата и склучиле примирје [3]. Заедно со својот чичко Хилдеберт I Теодеберт го освоил кралството на Бургундите во 534. Во 536 Остроготите, во војна во Италија против Византијците и во неможност да ја одбранат Прованса, мораат да ја препуштат таа провинција на Франките кои со години се обидувале да ја освојат заради излез на море. Во 539 тој влегува во Италија со армија од 100.000 луѓе, и ги напаѓа и Готите и Виантијците [4]. Зазема поголем дел од Венеција и Лигурија. Морал да се повлече поради болеста која ги десеткувала неговите трупи, но во Венеција оставил еден војвода кој подоцна ќе биде познат под името Тотила[5]. Убиен е од страна на некој бизон во тек на лов во 548. Го оставил своето кралство во наследство на својот син Теодебалд кој го имал со Деотерија. Брак и децаСе оженил во 532-533 со Деотерија[6], со потекло од галороманската аристократија од Оверњ и вдовица на управникот на Кабриера, близу Безје[7]. Таа ги родила : Откако ја напуштил Деотарија, се оженил со некоја ломбардска принцеза, Визигардис, ќерка на кралот Вако[6]. Веридбата се случила во 533, но Теодеберт во меѓувреме се оженил со Деотерија па затоа ја земал за жена Визигардис дури околу 540. Таа ќе биде мајка на[7] ·[8] :
Григориј Турски кажува исто така и дека тој кусо време бил вдовец и се оженил по третпат, но тој не го спомнува името на таа сопруга [6] ·[7]. Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia