Франките на почетокот биле предводени од страна на војводи (воени водачи) и регули (кралеви). СалискитеМеровинзи завладеале меѓу Франките и го освоиле поголемиот дел на Римска Галија. Тие воедно ги поразиле и Визиготите во 507. Синовите на Хлодовик го освоиле Кралството Бургундија и ги поразиле Алеманите. Ја земале Прованса и ги покориле Баварите и Турингите. Меровинзите подоцна биле заменети со нова династија наречена Каролинзи во 8 век. До крајот на 9 век, Каролинзите биле заменувани од други династии. Идејата за "Крал на Франките" или Rex Francorum постепено исчезнала докај 12 и 13 век.
Временската табела на франкиските водачи е тешко да се определи бидејќи кралството, согласно старата германска практика, честопати било делено меѓу синовите на водачот после неговата смрт а потоа повторно било и обединувано.
Војводи и регули
Рани владетели
Овој список на рани владетели е нецелосен поради недостиг на целосни историски податоци.
Хлодовик I ги обединил сите мали франкиски кралства како и владеел со поголемиот дел на Римска Галија освојувајќи го Доменот на Соасон од римскиот генерал Сијагриј како и Визиготското кралство на Тулуза. Го заземал Париз, како и Соасон, Ремс, Мец, и Орлеан кои станале негови главни упоришта. По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите четири сина:
Хлотар I по смртта на браќата или нивните наследници ги наследил сите кралства. После неговата смрт, кралството повторно се поделило меѓу неговите четири синови:
Хлотар II ја поразил Брунхилда и нејзиниот внук, и го обединил кралството. Сепак, во 623, за да ги осигура границите од нападите, на Австразијците им го дал неговиот млад син за крал. Неговиот син и наследник, Дагоберт I, го направил истото назначувајќи подкрал за Аквитаника, со седиште во Тулуза, во 629 и Австразија во 634.
Теодорих III бил признат за крал на сите Франки во 679. Оттогаш, кралството на Франките може да се третира повторно како целина со кус период на граѓанска војна.
Каролинзите на почеток биле мајордоми под меровиншките кралеви, прво во Австразија и подоцна во Неустрија и Бургундија. Во 687, Пипин Херисталски ја земал титулата Војвода на Франките (dux et princeps Francorum) после неговото освојување на Неустрија со Битката кај Тертри. Од современите хроничари ова се цитира како почеток на владеењето на Пипинидите. Меѓу 715 и 716, потомците на Пипин биле наследници.
Пипин I од Ланден (Австразија: 623 – 629 и 639 – 640)
Луј Побожниот направил многу поделби во текот на неговиот животен век. Последната поделба, прогласена во Вормс во 838, го направила Карло Ќелавиот наследник на запад, вклучувајќи ја и Аквитанија, а Лотар наследник на исток вклучително и Италија додека пак Баварија му била оставена на Лудвиг Германски. Сепак, после смртта на царот во 840, империјата западнала во граѓанска војна која траела три години. Франското кралство било поделено со Верденскиот договор во 843. На Лотар му било дозволено да ја задржи титулата император и неговото кралство во Италија, и му било доделено новонастанатото кралство Средна Франкија, коридор кој се протегал од Италија до Северното Море, и вклучително долноземието, Роналенд, Бургундија, и Прованса. Карло бил потврден во Аквитанија, каде синот на Пипин I, Пипин II, му се спротивставил, и ја добил Западна Франкија (денешна Франција), земјите западно од кралството на Лотар. Лудвиг Германски бил потврден вон Баварија и ја добил Источна Франкија (денешна Германија), земјите источно од кралството на Лотар.
Следнава табела не го дава целосниот список за некои од бројните кралства (регна) на империјата, особено оние кои биле подкралства (субрегна) на Западното, Средишното, или Источното кралство како Италија, Прованса, Неустрија, и Аквитанија.
Лотар I, 843 – 855, император од 824 (постар император од 840)
Италија: Лотар I, 818-855; Луј II, со татко му 839 – 855
После смртта на Лотар во 855, кралството било поделено меѓу неговите синови:
Луј II, 855 – 875, најстариот син, го наследил својот татко како император и ја добил Италија. За понатаму, види Крал на Италија.
Лотар II, 855 – 869, вториот син, ја добил северната половина на Средна Франкија, која била наречена "Лотарингија" (Лорена) изведено од неговото име. За понатаму, види Список на владетели на Лорена.
Карло, 855 – 863, најмладиот син, ја добил јужната половина на Средна Франкија, која се состоела од Прованса и Бургундија. За понатаму, види Крал на Бургундија.
Луј ги поделил своите земји меѓу трите сина, но сите на крајот, до 882, припаднале на најмладиот:
Карломан, Крал на Баварија 876-880. Крал на Италија 877
Луј III, наречен Помладиот, Крал на Саксонија, Франконија, и Турингија 876 – 882, ја наследил Баварија од својот брат Карломан во 880
Карло III, наречен Дебелиот, крал на Швабија, Алеманија и Ретија 876 – 887, ја наследил Италија од својот брат Карломан во 879, и го наследил остатокот од Источна Франкија од неговиот брат Луј во 882. Император 881
После Карло Дебелиот, Источна Франкија била наследена од неговиот внук:
Арнулф, 887 – 899, крал на Италија и император 896
↑Оспоруван од Мундерик, 533, противничкиот крал во Оверња
↑Оспоруван од Гундоалд, 584 – 585, противнички крал во Аквитанија
↑Charles Knight, The English Cyclopaedia: Volume IV, (London : 1867); pg 733 "We have no circumstantial account of this important event, except that Pepin was anointed at Soissons, in March 752, by Boniface, bishop of Mainz, called the Apostle of Germany, before the assembly of the nation."
↑Claudio Rendina & Paul McCusker, The Popes: Histories and Secrets, (New York : 2002), pg 145
Понатамошни четива
Историја на Франција прикажана во книгата "Grandes Chroniques de France", а особено онаа хроника на кралот Шарл V меѓу 1370 и 1380 која претставува сага на трите големи династии, Меровинзите, Каролинзите, и Капетите, кои ги утврдиле границите на кралството. Овој документ бил направен во тек на Стогодишната војна, борба меѓу владетелите на династиите од Франција и Англија со противничките барања на францускиот престол. Затоа треба да се прочита и внимателно да му се пристапи како извор.
The Origins of France: Clovis to the Capetians 500-1000 by Edward James ISBN 0-333-27052-5
Late Merovingian France: History and Hagiography, 640-720 (Manchester Medieval Sources); Paul Fouracre (Editor), Richard A. Gerberding (Editor) ISBN 0-7190-4791-9
Britannica Concise Encyclopedia: Merovingian Dynasty: [1].
Medieval France: An Encyclopedia, eds. W. Kibler and G. Zinn. New York: Garland Publishing, 1995.