Термометриска температура
Термометриска температура или температура на сув топломер ― температурата на воздухот мерена со топломер слободно изложен на воздухот, но заштитен од зрачење и влага. Термометриската температура е температурата што обично е сметана за температура на воздухот и тоа е вистинската термодинамичка температура. Ја означува количината на топлина во воздухот и е директно пропорционална со просечната кинетичка енергија на молекулите на воздухот. Температурата обично се мери во степени целзиусови (°C), келвини (К) или степени фаренхајтови (°F). За разлика од температурата на заситување, термометриската температура не ја покажува количината на влага во воздухот. Во градежништвото, важно е да се земе предвид при проектирање на зграда за одредена клима. Нал ја нарекол една од „најважните климатски променливи за човековата удобност и енергетската ефикасност на зградата“.[1] Термометриската температура е важна променлива во психрометриката, која е хоризонтална оска на психометриската табела. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia