Технолошко-технички факултет Велес
Технолошко - технички факултет Велес е образовна и научно-истражувачка институција од областа на прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизмот. во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Факултетот развива дејност во неколку области:
- Прехранбена технологија и биотехнологија - Нутриционизам
- Нутриционизам - едногодишни - Нутриционизам - двогодишни - Управување со квалитет и безбедност на храна
Одобрена е акредитација за студиската програма на трет цуклус универзитетски студии: Иновативни технологии за храна и нутриционизам. Во склоп на оваа студиска програма постојат два модули: - Модул 1: Храна и иновативни технологии и - Модул 2: Храна и нутриционизам Времетраење на студиите е три години, а ќе започне со реализација во учебната 2016/2017 година.
ИсторијаТехнолошко - технички факултет Велес е нова единица на битолскиот Универзитет и е формирана во 2008 година. Факултетот од неговото основање врши високообразовна дејност - додипломски студии, како и научно-истражувачка и применувачка дејност од научните полиња на прехранбената технологија, биотехнологијата и нутриционизмот. Во 2009 г. отвора и последипломски студии, а во 2015 г. во тек е акредитација на докторски студии. Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет кој е комплетно фокусиран на едукација на инженерски кадар. Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia