Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
Универзитет „Св. Климент Охридски“ — високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, основан на 25 април 1979 г. Со основањето на универзитетот била остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од југозападниот регион на Македонија, односно Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Македонија. На 8 декември 1994, на денот на Св. Климент Охридски, универзитетот го добил своето денешно име. Универзитетот ја прославил својата 35-годишнина на 25 април 2009.[2] Универзитетот членува во разни меѓународни образовни здруженија, вклучувајќи ги EUA и BUA, а носител е и на Повелбата Еразмус+. Научни полиња и области Природни науки - Компјутерски и информатички науки Техничко – технолошки науки - Транспортно инженерство - Електроенергетика, електроника, електротехника - Електроенергетски и комуникациски системи - Применето инженерство (заштита на животната и работната средина) - Машинство - Мехатроника - Графичко инженерство Медицински науки и здравство - Сестринство - Нутриционизам (гастрономија) - Диететика - Здравствена грижа (акушерство, физиотерапија, радиологија, медицинска лабораторија) - Форензички науки Биотехнички науки - Прехранбена технологија и биотехнологија - Преработка на анимални производи - Агрономија, растително производство и заштита на растенија - Ветерина Општествени науки - Економски науки (финансии, менаџмент, банкарство, сметководтсво, ревизија, маркетинг, осигурување) - Образование - Правни науки - Туризам и угостителство - Безбедност - Политички науки - Организациски науки и управување Хуманистички науки - Наука за јазикот Наука за книжевност Образовни установи![]() Денес универзитетот вклучува 12 високообразовни институции (10 факултети, 1 висока школа, 1 научен институт) и 4 придружни членки: ![]()
Придружни членки
Меѓународно научно списание - ХоризонтиХоризонти е меѓународно научно списание на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, коешто се објавува во две серии според посебни групи научни подрачја: Серија А од подрачјето на општествените и хуманистичките науки и Серија Б од подрачјето на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки. Научното списание Хоризонти е класифицирано во базата EBSCO. Хоризонти е современо научно списание во кое се почитуваат принципите на научна непристрасност и издавачка принципиелност што се поттик, посебно за младите научници и истражувачи. Студии и наставнициУниверзитетот реализира наставно-образовен процес од 50 додипломски студиски програми, 49 студиски програми за последипломски студии и 10 студиски програми за докторски студии. На високообразовните установи на универзитетот студираат повеќе од 13.000 студенти, а наставнообразовниот процес го реализираат 219 наставнички, 93 соработнички и 215 административно-технички кадар. Дејноста на научно-истражувачката дејност ја остваруваат 54 научни работници. ИзвориНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia