Тешањ
Тешањ — град и општина во северниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Зеничко-добојскиот кантон. Според податоците од пописот во 2013 година, Тешањ има 5.531 жител. ИсторијаСегашното име на градот за првпат се споменува во 1461 во повелбата на кралот Стефан Томашевиќ до неговиот чичко Радивој Остојиќ. Во периодот од втората половина на 15 век и првата половина на 16 век, историјата на Тешањ била прилично хаотична. Босна била на местото каде најчесто била границата помеѓу Отоманското Царство и Унгарското Царство. Поради тоа, регионот често бил освојуван од двете страни. Од 1512 година Тешањ билбил вклучен во територијата на Отоманското Царство за неколку векови. Со доаѓањето на Османлиите во Босна во 15 век, голем дел од месното население го прифатил исламот. Во времето на Гази Ферхад-паша, градот доживеал економски развој и била изградена Ферхадиевата џамија (1563), која сѐ уште се наоѓа во стариот дел на градот. Гази Ферхад-бег починал во 1568 и бил погребан во дворот на џамијата. Периодот на австриската окупација донесел прозападно уредување на градот. Во текот на овој период биле изградени градски патишта, зградата на општината, училишта, аптеки и болници. Во овој период бил отворен и првиот хотел во градот. Од 1929 до 1941 година, Тешањ бил дел од Врбаска бановина на Кралството Југославија. Знаменитости
Население
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia