Не треба да се поистоветува со
Босанци.
Грбот со лилјани, национален симбол на Бошњаците (поранешно државно знаме на БиХ)
Бошњаците (босански: Bošnjaci) се јужнословенски народ кој живее главно во Босна и Херцеговина и регионот Санџак во Србија и Црна Гора. Има и бошњачки заедници во околните балкански земји, Европа и Америка. Нивната бројност е нешто помалку од 3 милиони. Тие се главно потомци на словенското население на средновековна Босна кое било исламизирано за време на отоманското владеење. Нивната главна одлика е нивната муслиманска вероисповед, приврзаноста кон Босанскиот историски регион, заедничката култура, а зборуваат на босански јазик, кој е речиси идентичен на српско-хрватскиот јазик. Повеќето презимиња на Бошњаците завршуваат на -иќ. Босанскиот јазик е службен јазик во Босна и Херцеговина.
Поврзано
Наводи