Тигри (архитекти)![]() ![]() ![]() Тигри — уметнички псевдоним на група на полски модернистички архитекти основан во 1930-тите години. Групата била составена од три студенти на Архитектонскиот факултет при Варшавската политехника: Вацлав Клишевски (1910-2000), Јежи Мокшињски ( 1909-1997) и Еугењуш Вјежбицки (1909-1991). Настанувањето на псевдонимот „Тигри“ се поврзува со Александра Вејхерт и цртежот на три тигри што таа го закачила на вратата од нивното заедничко студио. За време на нивното работење, групата подготвила 55 конкурсни проекти, од кои 38 биле наградени, вклучувајќи 18 првонаградени. Тие се автори на објектот, во кој денес е сместен Музејот на современата уметност во Скопје. ИсторијаАкадемски периодЗа време на студиите В. Клишевски и Е. Вјежбицки се поврзуваат со проф. Рудолф Швиерчински. Ј. Мокшињски пак бил асистент на проф. Чеслав Пшибилски, а пракса имал кај Јулиуш Жоравски. Првите стручни средби на групата се одржале во куќата на ул. Гротгера 18, соба 11 во Варшава. Во 1936 година на ул. Подхоражи 101, била основано студиото на официјалниот тим. Во 1939 година, според нивниот проект, била изградена семејна куќа во Служевиец, населба во Варшава, а во 1938 година започнала изградбата на деловната зграда на Народната Банка во Познањ (конечно реализирана со променет концепт). Периодот 1939-1945 г.По борбеното учеството на В. Клишевски во одбраната на Вола во 1939 година, бил испратен во логор за заробеници во Спитал ан дер Драу, а подоцна и во Офлаг II Ц Волденберг. Е. Вјежбицки ја завршил борбата кај Кок во 1939 година и се нашол во Офлаг II Д Грос-Борн (Кломино). Ј. Мокшињски се вратил во Варшава по битката кај Кок и бил активен во подземјето. Потоа заминал во Закопане, каде во 1941 година ја дизајнирал куќата на Даниец, каминот во вилата „Басија“ и предавал во Земјоделското училиште (мелиорација) каде меѓу другите учеле и А. Франта и Х.Бушко. Потоа живеел во Замошч, Рабка и Краков. Тимот повторно се сретнал по војната во Бирото за Обнова на Главниот Град во Варшава. Потоа тие заедно работеле во периодот 1945–1949 година како асистенти на Архитектонскиот факултет на Технолошки Универзитет во Варшава, во студиото предводено од Богдан Пњевски. Избрани проекти
Наводи
Библиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia