Тисеранов параметарТисеранов параметар (или Тисеранова инваријанта) — вредност добиена со пресметка користејќи неколку орбитални елементи (голема полуоска, орбитално занесување и наклон) на релативно мало тело и поголемо „растроено тело“. Се користи за разликување на различните видови на орбити. Наречен е по францускиот астроном Феликс Тисеран и важи за ограничени проблеми на три тела, каде сите три имаат значајно различна маса. ДефиницијаЗа мало тело со голема полуоска , орбиталното занесување и орбиталниот наклон , во однос на орбитата на поголемото растројувачко тело со голема полуоска , параметарот се дефинира вака:[1][2] Квазизапазувањето на Тисерановиот параметар е последица од Тисерановиот однос. Примени
Сродни поимиПараметарот се изведува од една од таканаречените Делонееви стандардни променливи, со кои се изучува растроената Хамилтонова во еден трителесен систем. Занамарувајќи ги вишите поими на растројување, запазена е следнава вредност: Следствено на тоа, растројувањата може да доведат до резонанца помеѓу орбиталниот наклон и занесување, позната како Козаина резонанца. Речиси кружните високонаклонети орбити со тоа стануваат многу занесени во замена за помал наклон. На пример, таквиот механизам може да доведе појава на околусончеви комети, бидејќи големата занесеност со постојана голема полуоска дава мал перихел. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia