Гренланд
Гренланд (дански: Grønland) или Калалит Нунат гренландски: Kalaallit Nunaat — остров во Северноледениот Океан и автономна земја во рамките на Кралството Данска. Иако и географски и етнички е поврзан со Северна Америка, политички и историски Гренланд е поврзан со Европа. Најблиски земји до Гренланд се Исланд на исток и Канада на запад. Гренланд е најголемиот остров во светот[6]. Со своите 55.877 жители (2018), Гренланд е најслабо населена држава или зависна територија во светот.[7] Главен град на Гренланд е Нук, а службен јазик е гренландскиот. Гренланд бил населуван од арктички луѓе 4.500 до 5000 години. Во 10 век, нордиски народи се доселиле во јужниот дел на островот. Во 13 век на островот се доселиле Инуитите и во 15 век нордиската колонија исчезнала. Во раниот 18 век контактите меѓу Скандинавија и Гренланд биле повторно воспоставени и Данска ја основала својата колонија на островот. Гренланд станал данска колонија во 1814 година, по долгиот период на управувањето од страна на Данска-Норвешка (поточно норвешка управа). Со уставот од 1953 година, Гренланд станал дел од Кралството Данска. Во 1979 година, Гренланд се стекнал со статус на „домашна управа“, а во 2008 година Гренланѓаните гласале за префрлање повеќе ингеренции од рацете на данската власт во рацете на гренландската. Така, Гренланд станала автономна уставна држава на 21 јуни 2009 година.[8] Во рацете на данските власти се меѓународните односи, безбедноста и финансиската политика, како и обезбедување 3,4 милијарди круни за Гренланд. Овие финансиски средства се очекуваат да се намалуваат како што се зајакнува гренландската економија. Потекло на поимотИмето „Гренланд“ е од германско потекло и тоа за првпат го искористиле скандинавските доселеници на островот. Според „Исландските саги“, Норвежанецот Ерик Црвениот бил избркан од Исланд поради обвинение за убиство. Тој успеал да подготви еден брод за да отплови кон една земја која се наоѓала северозападно. Таа земја била островот Гренланд и по неговото пристигнување на островот тој го нарекол Grœnland, или во превод „Зелена земја“. Тој го ставил ова име со намера дека доброто име ќе привлече нови доселеници.[9][10] Во македонскиот јазик ова име навлегло преку германските јазици. Сепак, официјалното име на државата е Калалит Нунат (Kalaallit Nunaat), што во превод значи „земја на Калалитите“.[11] Калалитите се староседелско инуитско население кое живее во западниот дел од државата. ПолитикаШеф на државата на Гренланд е данската кралица Маргарета II Данска. Бидејќи Гренланд е уставна држава во рамките на Кралството Данска, данската кралица управува со овој остров, покрај копнена Данска. Данската кралица и данскиот парламент назначуваат Висок комесар на Гренланд кој го претставува островот. Моментален комесар на Гренланд е Микаела Енгел. Во парламентот на Данска, Гренланд е претставен од двајца пратеници кои се избираат од гренландските граѓани. Данскиот парламент има 179 пратеници. Гренланд има и свој парламент кој има 31 член. Шеф на владата на Гренланд е премиерот, кој најчесто е водач на најголемата партија. Моментален премиер на Гренланд е Купик Клеист. Административна поделбаГренланд во најголем дел е ненаселен остров. Во 2018 година, гренландската влада ги укинала старите општини и сега државата е поделена на 5 територии познати како општини: Сермерсок („многу мраз“) во чии рамки е главниот град Нук, Кујалек („југ“), Кеката („центар“) и Кекерталик и Аваната. Североисточниот дел од земјата е составен од Североисточниот гренландски национален парк.
ДемографијаСпоред проценките за јуни 2010 година, Гренланд има население од 57.637 жители,[15] од кои 88% се Калалити (вклучувајќи и мешани жители од староседелско и европско потекло). Останатите 12% од населението се Европејци, главно Данци. Мнозинството население се лутеранци. Скоро сите Гренланѓани живеат покрај фјордовите во југозападниот дел од островот.[16] Околу 15.000 жители живеат во главниот град Нук.
Уште од доделувањето на статусот „домашна управа“ во 1979, и гренландскиот и данскиот биле во јавна употреба во државата. Така, мнозинското население на Гренланд е двојазично. Гренландскиот јазик станал единствен службен јазик во јуни 2009 година.[17] Во пракса, данскиот сè уште се зборува во администрацијата и во високото образование. Данскиот е единствен јазик (мајчин јазик) за некои луѓе во главниот град и поголемите населени места. Гренландскиот правопис бил основан во 1851 година[18] а преработен во 1973. Државата има писменост од 100%.[15] Религија
Гренланд во уметноста
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
72°00′N 40°00′W / 72.000°N 40.000°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia