Тијаго Алкантара
Тиаго Алкантара до Насименто роден на 11 април 1991 година, попознат како Тиаго (шпански изговор: [ˈtjaɣo], португалски изговор: [tʃiˈaɡu]), е шпански фудбалски репрезезентативец кој настапува за англискиот премиерлигаш Ливерпул. Роден е во Италија од бразилски родители, неговиот татко Мазињо е поранешен фудбалски репрезентативец на Бразил и дел од генерацијата која го освои Светското првенство во Сад 1994 година. Тијаго се приклучил на ФК Барселона на возраст од 14 години, а своето деби го имал во 2009 година. По освојувањето на повеќе трофеи вклучувајќи четири Ла Лига првенства, Лига на шампионите и ФИФА клупско Светското првенство со Барселона, тој беше потпишан од страна на Баерн Минхен за 25 милиони евра € во 2013 година. Со Баерн, тој има освоено седум трофеи, вклучувајќи ја и Бундеслигата во секоја од првите три сезони. По успешните настапи за Шпанија на Европското првенство во Шпанија за играчи под-19 години и за фудбалската репрезентација под 21 година, тој го направи своето деби за Шпанија во 2011 година. Тој беше привремен репрезентативец на Шпанија на Светското првенство 2014, но се повлече поради повредата на коленото. Тиаго беше селектиран за УЕФА Евро 2016. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia