Познат по својата интелегенција и одличните додавања,[4] се смета за еден од најдобрите десни бекови на својата генерација.[5][6][7][8] Како производ на академијата на Ливерпул, тој го направил своето деби за првиот тим на црвените во 2016 година и оттогаш е незаменлив на својата позиција во клубот.
Технички одлики
Кариерата ја започнал како играч од средниот ред, за потоа да биде преместен на позицијата десен бек од тренерот Јирген Клоп.[9] Поседува силен карактер, а може да се пофали и со голема брзина и моќно забрзување; покрај тоа, тој е вешт во ссвојување на топката и умее одлично да нафрли[9] поради што често е споредуван со неговиот сонародник Ешли Кол.[10]
Поради неговите физички, атлетски и технички квалитети, како и заради изразената тактичка интелигенција, тој моментално важи за еден од најдобрите десни бекови, а заедно со колегата од спротивната страна Ендрју Робертсон формираат еден од најдобрите бековски парови во Европа.[11]
Клупска кариера
Ливерпул
Александер-Арнолд во дресот на Ливерпул во 2019.
Израснат во младинскиот сектор на Ливерпул, тој го направил своето деби за првиот тим на црвените на 25 октомври 2016, во победата со 2-1 над Тотенхем во четвртото коло од Лига купот на Англија.[12][13] На 14 декември истата година, тој го направил своето деби во Премиер лигата во победата со 3-0 против Мидлсбро.[14]
На 7 мај 2019 година, во полуфиналето на Лигата на шампионите, во кое Ливерпул ја победил Барселона со 4-0, Александер-Арнолд забележал две асистенции, вклучително и додавањето од брзо изведениот корнер во самата завршница кога го проиграл Дивок Ориги за напаѓачот да го постави конечниот резултат од 4-0, гол со кој го одвел Ливерпул во финалето.[18] На 1 јуни 2019, тој станал европски шампион со Ливерпул, освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите после победата со 2-0 над Тотенхем во финалето; Александер-Арнолд го одиграл целиот натпреваар.[19]
Во сезоната 2019-2020, тој ја освоил Премиер лигата со Ливерпул, придонесувајќи за успехот со максимален број на настапи (38) и четири погодоци.
Реал Мадрид
На 30 мај 2025 година, Ла Лига клубот Реал Мадрид го објави потпишувањето на Александар-Арнолд на шестгодишен договор.[20][21]
Своето деби го направил во подготвителен натпревар за Мундијалот, против Костарика во Лидс, што завршил со победа на англичаните од 2-0. На Светското првенство, на кое неговата репрезентација стигнала до полуфиналето а потоа загубила и во натпреварот за бронзен медал, Александер-Арнолд настапил само еднаш - против Белгија (0-1) во последниот натпревар од групата.
Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство,[23] но бил принуден да се повлече поради повреда.[24]
Хронологија на репрезентативните настапи
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија