Тодор Атанасовски
Тодор Атанасовски (Кавадарци, 1925 - Скопје, 26 јули 2018) — македонски национално-политички деец и генерал-полковник на ЈНА. Бил активен учесник во работничкото движење спроти Втората светска војна и воено лице од НОБ (1941). Подоцна работел како комесар на баталјон и бригада во рамките на ЈНА.[1] По ослободувањето, завршил Виша воена академија и како активен офицер бил началник на Штабот на Народната одбрана на Скопје, потоа оперативен началник и командант на Територијалната одбрана на Македонија. Исто така бил член на централниот комитет на СКМ и претседател на Сојузот на борците од НОВ. По осамостојувањето на Република Македонија членувал во Советот за национална безбедност. Автор е на голем број коментари од дневниот печат и на неколку стручни студии.[2] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia