Томас Вулзи
Томас Вулзи (англиски: Thomas Wolsey; ~1471 или 1473 - 29 ноември 1530) — англиски државник и кардинал на Римокатоличката црква во Англија. Во времето кога кралот Хенри VIII станал крал на Англија во 1509 година, кариерата на Вулзи тргнала нагоре. Излегувајќи на политичката сцена, тој станал еден од највлијателните луѓе во Англија[1]. Во 1515 година бил избран за прв советник на кралот, како и кардинал. На тој начин тој бил првиот лорд-канцелар на кралот, позиција која му давала за право да зема големи одлуки од политичкиот живот во Англија. Честопати бил нарекуван како alter rex (втор крал). Во времето на Англиската реформација, Вулзи започнал да ги губи своите позиции. Најголем проблем на Вулзи му била дадената задача од страна на кралот Хенри VIII да го поништи неговиот брак со Катерина Арагонска. Вулзи го повикал црковниот суд во Англија, со специјален делегат пратен од папата. Сепак, Папата му забранил на Хенри да стапи во нов брак сè додека не се донесе одлука во Рим, а не во Англија. Ана и многубројните непријатели на Вулзи, сметале дека тој е од страната на папата, па така во 1529 Хенри го отпуштил од неговата должност и го уапсил, доколку не умрел од болест во 1530, тој би бил погубен поради предавство. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia