Тома ФиданчевТома Фиданчев или Тома Фиданчевиќ (српски: Тома Фиданчевић) — југословенски лекар и политичар, градоначалник на Струмица од 1927 до 1931 година, југословенски народен пратеник од Струмичкиот срез од 1931 до 1935 година. ЖивотописРоден е во 1896 година во градот Струмица, тогаш во Османлиската империја. Гимназиско образование завршува во Ќустендил, Царство Бугарија, потоа студира медицина во Виена, а апсолвира во Росток, Германија. По докторирањето се враќа во Струмица, која тогаш се наоѓа во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, и работи како лекар, а се истакнува и како општественик.[1] Во 1927 година е избран за претседател на општина Струмица како кандидат на Народната радикална партија (НРП), која тогаш е најголемата политичка партија во кралството.[2] По Шестојануарската диктатура од 1929 година, неговиот мандат како претседател на општината е потврден и така тој продолжува да ја извршува оваа функција.[3] Додека е претседател на општина Струмица, во февруари 1930 година е уапсен заедно со Михаил Ефтимов, потпретседател на општината, Григор Самарџиев, втор потпретседател, и Тасо Костов, секретар на општината, обвинети дека издавале лажни легитимации и со тоа ја помагале ВМРО.[4] Со поддршка од полицијата, во 1931 година е избран за народен пратеник од Струмичкиот срез како кандидат на листата на Југословенската национална партија (ЈНП), која тогаш е единствена политичка партија во кралството.[5] Во 1935 година повторно се кандидира на листата на ЈНП, но полицијата го поддржува Јордан Аќимовиќ.[5] Од 1936 година активно ја поддржува Југословенската радикална заедница (ЈРЗ) на тогашниот премиер на Југославија Милан Стојадиновиќ.[5] По Марсејскиот атентат од 1934 година, во кој е убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, Фиданчев, кој тогаш е народен пратеник, учествува на тајна панихида за атентаторот Владо Черноземски од ВМРО, која се одржала во домот на Кирил Калкашлиев во Струмица.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia