Томо Смилјаниќ - Брадина![]() Томо Смилјаниќ - Брадина (Тресонче, 13 јуни 1888 – Белград, 10 мај 1969) — македонски и југословенски етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист.[1] ЖивотописСмилјаниќ бил роден во Тресонче на 13 јуни 1888 година, во големото семејство Брадиновци. Прекарот го добил по својот прадедо Сарџо Караџа Брадина. Презимето Смилјаниќ го добил во Белград, каде што како бистро момче бил прифатен од Друштвото „Св. Сава". Основното бугарско и српско училиште го завршил во родното село и во Битола, а Српската гимназија во Солун во 1906 година. Учителствувал во селата Тресонче, Долно Мелничани и Галичник (1906-1911). Се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, но веднаш ги прекинал студиите и, во подготовките за војната против Османлиската Империја, се вратил во Македонија како српски четник. Учествувал во сите српски војни и од Крф бол испратен во Франција, каде што ги завршува студиите по географија и историја во Клермон Феран (1917–1919). По враќањето предавал во гимназиите во Тетово (1920/21) и Скопје (1921–1927), а потоа во Трговската академија во Скопје (1927–1931). Во Франција, тој ја одбранил докторската дисертација „Нашите стари племиња Мијаците и Брсјаците во Јужна Србија“ (1930). Потоа е народен пратеник за Галичко-дебарската околија (1931–1934), па инспектор (1935–1939) и началник на Просветното одделение на Вардарска бановина. Патувал по Европа (1940–1941), а потоа пак се вклучил во војната против Германците кај Призрен, но се повлекол во Србија и работел во Учителската школа во Алексинац, а по 1946 година, како пензионер живеел во Белград. Истражувачката и книжевната дејност ја започнал уште како српски учител. Соработува во разни весници и списанија, но и во угледни научни зборници на скопскиот Филозофски факултет и на САН во Белград. Вршeл историско-етнографски истражувања на Мијачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци (Партениј Зографски, Ѓорѓија Пулевски и др.), а ги проследувал и делата на П. Драганов, Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски. БиблиографијаСо изданија на своите текстови во Скопје ја започнал серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924–1928), а ја продолжил под името „Старовремска библиотека“ (1929), во која ја објавил стихозбирката „Песмарица“ што содржи и 7 песни на македонски јазик, насловени како „Старовремски мотиви“. Во ракопис се останати: романот „Горјани“, расказите за деца „Смиљеи босиље“, мемоарите „Моје успомене до 1912“ и др.[2][3]
Наводи
Книжевност
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia