Топлинска временска скалаВо астрофизиката, топлинска временска скала или Келвин-Хелмхолцова временска скала е приближното време кое и е потребно на ѕвездата да ја израчи својата вкупна кинетичка енергија со нејзината моментална стапка на сјајност.[1] Заедно со јадрената временска скала и динамичката временска скала, користена е за да се процени колку долго една ѕвезда ќе остане во одредена фаза од нејзиниот живот и нејзиниот животен век доколку се исполнети хипотетичките услови. Во реалноста, животниот век на ѕвездата е поголем од она што се проценува со топлинската временска скала, бидејќи како што едно гориво се намалува, друго ќе го заземе неговото место - согорувањето на водородот преминува во согорување на хелиум, а потоа во согорување на јаглерод. Ѕвездена астрофизикаГолемината на ѕвездата како и нејзината излезна енергија генерално го одредуваат топлинскиот животен век на ѕвездата бидејќи мерењето е независно од видот на горивото што вообичаено се наоѓа во нејзиниот центар. Навистина, топлинската временска скала претпоставува дека воопшто нема гориво внатре во ѕвездата и едноставно го предвидува времето кое би било потребно за настанатата промена во излезната енергија да стигне до површината на ѕвездата и да стане визуелно видлива за надворешниот набљудувач.[2][3]каде што G е гравитациска константа, M е масата на ѕвездата, R е радиусот на ѕвездата и L е сјајноста на ѕвездата. На пример, топлинската временска скала на Сонцето е приближно 15,7 милиони години. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia