Торта со сирење![]() Тортата со сирење или чизкејк (англиски: cheesecake) — сладок десерт што се состои од еден или повеќе слоеви. Главниот слој се состои од мешавина на свежa зденка или сирење, јајца, шеќер, а ако има долен слој тој се состои од бисквити, слатки крекери, колачиња или сунѓер торта.[1] Обично се чува во фрижидер. На тортата со сирење обично се додава шеќер. Може да се стави на горниот слој овошје, шлаг крем, ореви, овошен сок или чоколадо. Тортата со сирење може да има повеќе додатоци, како што се: јагоди, лимета, костен и друго. ИсторијаДревен облик на торта со сирење можеби бил популарен во Стара Грција дури пред прифаќањето на Римјаните откога ја освоиле Грција.[2] Најстарото потврдено споменување на торта со сирење (чизкејк) е од грчкиот лекар Егимос (V век п.н.е.), кој напишал книга за уметноста на правење на торти со сирење.[3] Најраните постоечки рецепти се наоѓаат во книгата „За земјоделството“ од римскиот говорник Катон Постариот, кој вклучува рецепти за три торти за религиозни намени: libum, savillum и placenta.[4][5][6] Од трите, placenta е како повеќето современи торти со сирење, односно има кора што е одделно подготвена и печена.[7] Англиското име чизкејк се користи дури од XV век,[8] но чизкејот не се развил во неговиот современ облик сè донекаде околу XVIII век. Европејците почнале да отстрануваат квасец и наместо тоа додавале јајца во тортата со сирење. Со исчезнувањето на огромниот вкус на квасец, исходот сега повеќе им изгледал како десерт.[9] Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia