Тосе Божиноски

Тосе Божиноски
Роден 1914 година
Попоец, Кралство Србија
Починал 8 мај 1944 година
Попоец, Кралство Албанија
Народност Македонец

Тосе Спасев Божиноски ( 1914 во Попоец8 мај 1944 во Попоец) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ, на кој е испишано името на Тосе Божиноски

Животопис

По завршувањето на основното училиште, поради тешкиот живот, заминал на печалба во Белград. По капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во своето родно село каде почнал активно да работи за народноослободителното движење. Вршел курирски работи, пренесувал храна, облека и оружје. За време на Пролетната офанзива, на 8 мај 1944 година, кога било запалено селото Попоец, бил фатен од балистите и стрелан.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 46.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya