Тракиска гробница во Казанлак
Тракиската гробница во Казанлак (бугарски: Казанлъшка гробница) е полукружна гробница од цигла во форма на кошница во близина на градот Казанлак во централна Бугарија. Споменикот датира од крајот на 4 век п.н.е., а од 1979 година се наоѓа на списокот на УНЕСКО за заштита на светското наследство. ОписГробницата е дел од поголема тракиска некропола. Се состои од тесен ходник и заоблена просторија за погребување, и двете украсени со мурали кои претставуваат тракиски пар за време на ритуална погребна свеченост. За да се зачуваат цртежите, гробницата е затворена за јавноста, но изградена е реплика во соодветна димензија во близината.[1] Жената од муралот се наоѓа на задната страна на бугарската монета во вредност од 50 стотинки, од 2005 година.[2] Гробницата се наоѓа блиску до стариот тракиски главен град Севтополис. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia