Транскрипција (лингвистика)Оваа статија се однесува на лингвистичка транскрипција. За други значења, погл. Транскрипција (појаснување).
Транскрипција или предавање (од лат. transcriptio - препис, предавање) е претворање на усмена реч (како да речеме судска постапка), во пишана, чукана или печатена форма. Може да значи и претворање на текст во друг медиум, како скенирање на книги и нивно претворање во дигитална верзија. Транскрипционист е лице кое прави транскрипции. Во строго лингвистичка смисла, транскрипција е процесот на запишување на говор со помош на специјални пишани симболи, користејќи прецизни правила, со цел на негово подоцнежно репродуцирање. Транскрипцијата како мапирање на звуци во писмо се разликува од транслитерацијата, која мапира едно писмо во друго, кое е предвидено што повеќе да се совпаѓа со оригиналното писмо. Стандардни транскрипциони шеми за лингвистички цели се Меѓународната фонетска азбука (МФА) и нејзиниот ASCII еквивалент, SAMPA. Видете и Фонетска транскрипција. Транскрипцијата често се помешува со транслитерацијата, заради честата новинарска практика на мешање на елементи од обете при предавањето (интерпретацијата) на туѓи имиња. Вака добиената практична транскрипција е хибрид, кој народот го нарекува и транскрипција и транслитерација. Во оваа таблица МФА е даден како пример за фонетска транскрипција на името на поранешниот руски претседател Борис Елцин, проследено од прифатени хибридни форми во разни јазици. Треба да се спомене дека, во потесна смисла, 'Борис' е транслитерација, а не транскрипција.
Едни исти зборови би се транскрибирале различно во различни системи. На пример, мандаринското кинеско име за главниот град на НР Кина е „Беи-џинг“ (Beijing) во широко употребуванот денешен систем пинјин, но во историски важниот Вејд-Џајлсов систем истиот се пишува како „Пеи-Џинг“ (Pei-Ching). Практичната транскрипција може да се врши и во неазбучен јазик. На пример, во хонгконшки весник, името на претседателот Џорџ Буш се транслитерира во два кинески знака: „Поу-су“ (布殊) што значи „платно“ и „специјално“. Така, многу зборови од англискиот и други западноевропски јазици кои влегуваат во јапонскиот се транскрибираат со помош на катакана, една од јапонските слоговни азбуки.
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia