Трајан Тодоровски

Трајан Целев Тодоровски ( 1919 во Црешево3 ноември 1944 во Бањане) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно образование, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во бројни битки против балистичките банди, кои постојано вршеле напад на селата во Скопска Црна Гора, со цел да ги ограбуваат и да го малтретираат населението. Во една битка против нив, загинал на 3 ноември 1944 година, кај Бањански Рид. Неговите останки биле пренесени и погребани во родното село Црешево. [1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 271. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya