Трајко БоцевТрајко Божинов Боцев ( 1919 во Скопско — 1944 во Младо Нагоричане) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Подоцна се доселил во Скопје. Со големи напори изучил занает, по што работел како столарски работник. Во Скопје рано пристапил во напредното движење. Се дружел со напредни столарски работници. Организирано дејствувал пpотив бугарскиот фашистички окупатор. Агитирал за целите на НОВ. Собирал материјална помош за партизаните. Во почетокот на 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада. Како борец бил примерен и решителен во дејствијата против окупаторот. Нему му било доделена задача да управува со пушкомитралез. Учествувал во повеќе борби на бригадата. Храбро загинал во борба против непријателот кај Младо Нагоричане.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia