Трајче СтојановТрајче Стојанов (р. 23 март 1977) — македонски филозоф и професор на штипскиот унивезитет[1]. ЖивотописСтојанов е роден во Штип, Македонија на 25 март 1977 година, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал во 2001 г. година на Институт за филозофија на Филозофски факултет, при УКИМ, Скопје. Таму магистрирал и докторирал. Специјализирал на Московскиот педагошки државен универзитет (МПГУ) во Москва, Русија, каде работел на докторската дисертација под менторство на проф. Михаил Маслин од Универзитетот „Ломоносов“, Москва, Реализирал постдокторски престој на универзитетот Ст. Олаф во Нордфилд, САД. Избран е за почесен професор (professor honoris causa), на МСПИ-Москва, Русија, како и визитинг професор на European and Globalization Studies, во, Хрватска. Добитник е на Осмоноемвриска награда на град Штип, како и на признание од Медал Достоевски за особен придонес за промоција на руската литература и култура, од страна на Министерството за култура на РФ. Учествувал на конгреси и симпозиуми во САД, Италија, Хрватска, Русија, Црна Гора и други. Во фокусот на научните истражувања му се следниве философски дисциплини: Историја на философија, Етика, Естетика, Антропологија, Философија на религија, Политичка философија и Политичка теологија. БиблиографијаТрудови
Книги
"Руска религиска философија" во три тома: 1.Контексти; 2. Историја; 3. Проблеми, Аз-Буки, Скопје, 2019 Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia