Трбушка![]() Трбушка[1][2], кормушка[3][4], чкембе[5][6] или шкембе[7][8] — јадење направено од исчистени желудници од разни животни. СоставГоведско чкембеЗа подготовка на чкембето најчесто се користат првите три комори на говедскиот желудник. Задниот дел од говедскиот желудник - сириштето многу ретко се користи поради неговата структура во која преовладува жлездеста слузница. Јагнешко чкембеОсвен желудникот од јагнето се користат и тенките црева. Јагнешкото сириште се користи при подготовка на ширден. Други животниЧкембе се прави и од желудник на кози, свињи, елени, туна. Неисчистено чкембе
Чкембето од кое не се целосно измиени остатоците од утробата на животното, се нарекува и зелено или незрело чкембе. Мирисот на таквото чкембе е непријатен за луѓето, но многу примамлив за кучињата и мачките, па затоа се популарни како храна за домашни миленици. Исчистено чкембеКако човечка храна се користи исчистеното чкембе. Во зависност од вкусот и умешноста на готвачот, чкембето може да има мали траги од остатоци од утробата, што му дава посебна арома на јадењето. Без оглед на вкусот на готвачот, процентот на остатоци од желудник е многупати помал од зеленото чкембе што се користи во храната за животни. ГотвењеЧкембето се подготвува во многу делови од светот на различни начини. Заедничко за сите рецепти е првата фаза на преработка на сиров желудник, а тоа е чистење од остатоците од утробата со варење. За подготовка на колбаси, исчистеното чкембе се сечка на помали парчиња, а за приготвување на варени и супи, на поголеми парчиња (ленти). Во некои јадења се користи цел или дел од исчистениот желудник, како во прилепскиот „ширден“, каде истиот се полни со парчиња месо. Чкембето во Македонија![]() Во Македонија најчесто се подготвува чкембе-чорба особено во зимските месеци. Битолчани се познати по подготовката на јадења од чкембе, па навивачите на спортските клубови Пелистер се нарекуваат Чкембари. Во пролет се подготвува кукурек, кој се подготвува од плетенки од јагнешко чкембе и цревца. Симбол на кулинарството во Прилеп е ширденот. МаркетингМаркетиншкиот одбор за чкембе го промовира 24 октомври како Светски ден на чкембето бидејќи на тој ден во 1662 година, Семјуел Пипс напишал, Tripe Marketing Board promotes World Tripe Day on 24 October, because on that day in 1662, Samuel Pepys wrote, „Дома вечеравме со жена ми највкусно јадење од чкембе по мој рецепт.“[11] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia