Тревовидни
![]() ![]() Тревовидните (науч. Poales) е голем ред на цветни растенија од групата монокотиледони. Тука спаѓаат растителните семејства како тревите, бромелиевите и остриките. Денес ботаничарите признаваат 16 семејства во склоп на тревовидните. Според неодамнешните проучувања[1] тревовидните растенија водат потекло од Јужна Америка, и тоа пред речиси 115 милиони години. Најстарите пронајдени фосили се полен и плодови што датираат од доцната креда. Цветовите им се мали, затворени во прицветници и распоредени во соцветие (освен кај родот Mayaca, каде има по еден цвет на крајот од растението). Кај многу видови опрашувањето го врши ветерот. Семето обично содржи скроб. Системот APG III (2009) го прифаќа редот и го сместува во кладот комелиниди, во рамките на монокотиледоните. Ги опфаќа следниве фамилии:
Стопанска важностТревовидните се стопански најзначаен ред на растенија. Во рамките на редот, во голема мера најзначајна е фамилијата на треви (Poaceae), каде спаѓа јачменот, пченката, просото, оризот и пченицата. Таа е воедно и најголемата фамилија во редот, со многу повеќе видови од останатите:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia