Тривко Павлески
Тривко Ристов Павлески ( 1922 во Попоец — 2 октомври 1943 во близина на Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ![]() ЖивотописПотекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделство. Окупацијата на Македонија го затекнала во своето село. Согледувајќи ги намерите на окупаторот, се определил за борба и како напреден младинец почнал соработка во воспитните групи. Активно помагал во позадината, а од летото 1943 година, тој постанал партизан во Групата Баталјони. Од слободно Кичево, во септември 1943 година, заедно со својот соселанец и другар, Мирко Милески, заминал на Буковиќ да ја брани слободната територија. По борбата на превојот Буковиќ, повлекувајќи се и држејќи отстапница, загинал на 2 октомври во близината на Кичево.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia