Тритикале
Тритикале — вид на житарка која е настаната како хибриден спој помеѓу пченица и ’рж. ПотеклоТритикалето настаноло со вкрстување на пченица и ’рж, и претставува хибрид на пченицата. Настанал на крајот на 19-от век во Шкотска и Германија. Тритикале е синтетичка билна сорта, алополиплоид, и денес постојат две форми: хексаплоидна со 42 хромозоми и октоплоидна со 56 хромозоми. Овој хибрид ги содржи сите хромозоми на вулгара пченица (-{2n-42}-), и сите хромозоми од ’рж (-{2n-14}-). Хексаплоидната форма има два генома на дурум пченицата, ама и покрај тоа што дурум пченицата има квалитетно зрно од вулгара пченица, хибридот од оваа комбинација има зрно од полош квалитет и низок принос од октоплоидното тритикале. Билките на октоплоидот се интерметиарни во градба и висина на билката, формата и класата, квалитетот и структура на зрното, додека по боја на класата и стебленцата се послични на ’ржта.[1] ГалеријаНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia