Три сестри
Три сестри (португалски јазик: Três Irmãs) е бразилска телекомедија. Серијата во Бразил започна со прикажување на 15 септември 2008 год. Во главните улоги се појавуваат како две од трите сестри, Џована Антонели (нам добро познатата Жаде од серијата Клон и Каролина Дикман од серијата Семејни интриги СинопсисТрадиционалното семејство Жекитиба, кое се состои само од жени, потекнува од малиот град Карамирим. Виржинија и нејзините ќерки се познати под прекарот „Жекитибарки“ бидејќи предци им се создавачите на градот. Г-ѓа Виржинија е мајката, добра жена која е сопственичка на малата аптека Жекитиба. Таа е храбра жена која го пребродила напуштањето од сопругот, кој, по неколку години, загинал во пожар. Единствената причина да живее ѝ се трите ќерки: Дора, Алма и Сузана. Трите ќерки исто така, ја поддржуваат и сакаат мајка си. Дора е најстарата сестра. Таа е вдовица и знае како добро да живее. Има памет на бунтовна тинејџерка заробен во тело на вистинска жена. Таа има мало дете, Маркињо, и живее со свекрва ѝ, Виолета Акила, која ја обвинува за прераната смрт на синот ѝ Артур. Откако мајка ѝ ќе се разболи, таа ќе поминува повеќе време во Карамирим, каде ќе го запознае ортопедот Бенто, во кој ќе се вљуби. Алма, средната сестра, е многу способен гинеколог. Таа е идеалист кој се бори за правата на жените, но има слабост кон машкиот пол и сѐ уште си ја нема најдено сродната душа. Таа е моментално девојка на Робињо. Живее во Рио де Жанеиро, но откако ќе раскине со Робињо и ќе дознае дека мајка ѝ е болна, ќе се врати во Карамирим каде повторно ќе се сретне со Грег, нејзината голема љубов од детството и нему ќе му се препушти за да ја доживее љубовта како што досега ја немала доживеано. Најмладата сестра, Сузана е посвоена ќерка, сурферка, убава одвнатре и однадвор. Таа предава во училиштето во Карамирим и таму сите ја сакаат. Таа е единствената која живее со мајка ѝ во Карамирим. Таа е вљубена во Шанде, но таа љубов е наизглед само услуга, бидејќи Шанде останал инвалид откако во некој случај ѝ го спасил животот. Но секојдневието на Сузана и на останатите жители на Карамирим ќе се промени со доаѓањето на двете сестри од градот. Но она што навистина ќе ѝ го промени животот на Сузана е доаѓањето на Валкирија и Ерос, со кого ќе доживее страствена љубовна приказна полна со пречки. Сите три сестри се убави на свој начин. Секоја од нив е сѐ уште во потрага по голема љубов. Улоги
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia