Тромава шриланканска мечка
Тромавата мечка од Шри Ланка (Melursus ursinus inornatus) е подвид на тромавата мечка. Живее во низинските шуми на островот Шри Ланка. Оваа мечка е сештојад. Се храни со лешници, бадеми, бобинки и корења, но и со месо и мрша. Главен извор на храна и се инсектите кои ги наоѓа во гнили трупци или дрва благодарение на издолжената муцка. Многу ретко убива други животни и е голем љубител на медот. Националниот парк Јала е најпознатото место во Шри Ланка каде што може да се набљудуваат овие животни. Заштитен статусОвој подвид на тромава мечка е сериозно загрозен. Популацијата брои помалку од 1000 единки (во дивината бројката веројатно е околу 500) во неколку изолирани популации чиј број константно се намалува. Уништувањето на шумите е најголема закана за тромавите мечки, бидејќи за разлика од останатите големи животни на Шри Ланка, овие животни се целосно зависни од шумите каде се снабдуваат со храна. |
Portal di Ensiklopedia Dunia