Трохеј![]() Трохеј[1][2] или хореј[3][4] — поетска стапка во метриката што се состои од нагласен (акцентиран) слог проследен со ненагласен, во квалитативна метрика, како што се среќава во англискиот јазик и во модерната лингвистика, или во квантитативна метрика, како што се среќава во латинскиот и старогрчкиот, тежок слог проследен со лесен (исто така опишан како долг слог проследен со краток). Во овој поглед, трохејот е обратен на јамбот. Така латинскиот збор íbī „таму“, поради кратко-долгиот ритам, во латинските метрички проучувања се смета за јамб, но бидејќи е нагласен првиот слог, во модерната лингвистика се смета за трохеј. Обликот на придавката е трохејски. Замиот збор трохеј на македонски јазик е трохејски бидејќи се состои од нагласен слог „тро“ што го следи ненагласен слог „хеј“ Друго име што порано се користело за трохеј е хореј. ЕтимологијаТрохеј доаѓа од францускиот trochée, адаптиран од латинскиот trochaeus, по потекло од грчкиот τροχός (trokhós), 'тркало', од фразата τροχαῖος πούς (trokhaîos poús), буквално „стапало за трчање“,[5] се поврзува со зборот τρέχω trékhō, „Јас трчам“. Поретко употребуваниот збор хореј доаѓа од χορός, khorós, 'танц'. И двата збора го пренесуваат „тркалачкиот“ ритам на оваа метричка стапка. Имало добро воспоставена древна традиција дека трохејскиот ритам е побрз од јампскиот.[6] Кога се користи во драма, често се поврзува со живи ситуации. Еден древен коментатор забележува дека е именуван според метафората луѓе кои трчаат (ἐκ μεταφορᾶς τῶν τρεχόντων) и римскиот метричар Мариус Викторинус забележува дека е именуван според неговото трчање и брзина (dictus a cursu et celeritate).[6] ПримериМакедонските двосложни зборови се трохеи, па за постигнување трохеј во стихот се користат двосложни зборови.[7]
(„Елегии за тебе“ – К. Рацин) ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia