Трој Дини
Трој Матју Дини (роден во Бирмингем, 29 јуни 1988) — англиски фудбалер, напаѓач на Бирмингем Сити. ЖивотописДини е роден во Бирмингем, Западен Мидлендс,[2] а израснал во Челмсли Вуд. Тој е едно од трите деца родени од неговите родители, кои се разделиле кога тој имал 11 години. Тој бил избркан од училиште кога имал 14 години, пред да се врати на 15 години. На возраст од 16 години го напуштил училиштето без никаков GCSE и започнал да се обучува за ѕидар, заработувајќи 120 фунти неделно.[4] На 25 јуни 2012 година, Дини бил осуден на десет месеци затвор заради удирање на човек со глава за време на тепачка.[5][6] Тој бил ослободен откако отслужил речиси три месеци од казната, покажувајќи дека се кае за постапката и поради фактот дека ова му било прво кривично дело. Од неговото ослободување од затвор во 2012 година, тој заработил GCSE од англиски јазик, наука и математика.[4] Дини е оженет и има син, Милс, и ќерка, Амелија.[7] Неговиот брат, Елис, е полупрофесионален фудбалер, и за разлика од Трој е играч од средниот ред. Елис ја започнал својата кариера во Астон Вила, каде што бил капитен на нивниот академиски тим пред да биде отпуштен, а потоа играл за Кетеринг Таун, Хинкли Јунајтед, Вустер Сити и Тамворт. Клупска кариераВолсолДини бил повикан од академијата на Астон Вила да учествува на четиридневна летна проба на возраст од 15 години со цел да заработи младински договор; сепак, тој ги пропуштил првите три дена "знаејќи дека во последниот ден ќе има натпревар" и не му бил понуден договор од страна на Вила.[8] Откако се приклучил на Челмсли Таун, тој бил воочен од главниот скаут на Волсол, Мик Халсал, кој присуствувал на натпреварот на кој настапил Дини, бидејќи исто така играл и неговиот син. Иако во тој натпревар Дини играл пијан, тој успеал да постигне седум гола во победата со 11-4. Веднаш потоа на Дини му била понудена проба во тогашниот клуб од Лига Два.[4] Откако официјално потпишал за Волсол на 18 декември 2006 година, Дини веднаш бил испратен на позајмица во Хејлсовен Таун за остатокот од сезоната 2006-2007.[9] По враќањето од заем, тој го постигнал својот прв официјален гол за Волсал против Милвол во победата од 2-1 во септември 2007 година.[10] Сепак, овој гол се покажал како негов единствен за сезоната 2007-2008, а и следната сезоната 2008-2009 започнала слично, со тоа што тој успеал да постигне само два гола во првата половина од сезоната. Сепак, назначувањето на Крис Хатчингс како менаџер се совпаднало со пронаоѓањето на голгетерската форма од страна на Дини. Помогнат од фактот дека неговиот нов менаџер почнал да го користи на неговата омилена позиција, наместо на позицијата десно крило како претходниот менаџер Џими Мулен, Дини постигна девет гола во првите 12 натпревари под водство на Хатчингс.[9][11] На 9 септември 2009, Дини потпишал нов двегодишен со Волсол во трајност до 2011 година.[12] Во сезоната 2009-2010, Дини постигнал 14 гола и завршил како најдобар стрелец на Волсал за сезоната по што му била доделена и наградата за Играч на годината на клубот.[13] Вотфорд2010–2012: Пробивот![]() На 4 август 2010 година, Дини поднел писмено барање за трансфер поради интересот за него од неколку клубови од Чемпионшип лигата. Одговорот на клубот бил дека доколку сакал да замине требало да го напушти Волсал порано во текот на летото, поради што тој започнал слабо да тренира и да не се труди доволно за време на пред-сезонските подготовки во знак на протест поради тврдиот став на клубот кој не сакал да го продаде.[4] Два дена подоцна тој потпишал за Вотфорд, за почетна сума од 250.000 фунти (што подоцна се зголемила до 500.000 фунти) потпишувајќи двегодишен договор со кој ја подигнал платата од 1.200 фунти на 6.000 фунти неделно.[4] Веќе истиот ден во кој Дини потпишал за Вотфорд, тој го имал и своето деби за клубот во нивната победа со 3-2 над Норич Сити на отворањето на сезоната, влегувајќи во игра на местото на Марвин Сордел во второто полувреме.[14] На почетокот на својата кариера во Вотфорд Дини наишол на проблеми во својата физичка подготвеност во споредба со неговите соиграчи, што било резултат на неговата слаба пред-сезонска подготовка.[4] Тој го постигнал својот прв гол за Вотфорд против Нотс Каунти во првиот круг на Лига купот на 24 август.[15] Во својата прва сезона Дини одиграл 40 натпревари за Вотфорд во лигата и куповите, постигнувајќи три гола, иако главно бил поставен како крило од страна на менаџерот Малки Макеј.[16] На почетокот на сезоната 2011-2012, Дини првично тешко се здобивал со шанса да игра во почетната постава, бидејќи најголемиот дел од натпреварите во почетокот на сезоната ги започнал влегувајќи од клупата за резерви.[4] Сепак, во средината на октомври кога Андреас Вајман, кој бил на позајмица во Вотфорд од Астон Вила, бил повикан да се врати назад во својот матичен клуб за Дини се отворило место во почетната постава како партнер во нападот на Вотфорд на Сордел. Тој собрал вкупно 46 настапи под раководство на менаџерот Шон Дајч, играјќи на својата најпосакувана позиција како напаѓач.[17][18] Дини ја завршил сезоната како најдобар стрелец во Вотфорд со 12 гола во сите натпреварувања, а исто така ја освоил наградата за Гол на сезоната за неговиот погодок против Ипсвич Таун во март 2012 година.[19] 2012-2015: Плоден стрелецДини го направил своето прво појавување за Вотфорд, по неговото ослободување од затвор, против Бристол Сити на Викариџ Роуд на 22 септември 2012 година. Натпреварот завршил 2-2, а Дини влегол во второто полувреме и ја погодил стативата.[20] Во следниот натпревар против Хадерсфилд Таун на 29 септември, и го постигнал победничкиот гол со удар од белата точка во победата со 3-2.[21] На 16 февруари 2013, тој постигнал два гола во победата со 4-0 над Бирмингем Сити.[22] Во март 2013, Дини потпишал нов договор со Вотфорд, кој го задржал во клубот до 2016.[23] На 20 април 2013, Дини постигнал нови два гола во победата со 4-0 над Блекбурн Роверс, поставувајќи свој личен рекорд од 18 гола за една сезона.[24] Шест дена подоцна, тој го постигнал својот 19-ти гол за сезоната во следниот натпревар против Лестер Сити, постигнувајќи го првиот гол во важната победа за Вотфорд со 2-1.[25] На 12 мај 2013 година, Ватфорд повторно се соочил со Лестер Сити во полуфиналето на плејофот за промоција во Премиер лигата. Во вториот натпревар игран на Викариџ Роуд, Дини постигнал гол во седмата минута од судиското продолжение со кој го одвел својот тим на во финалето на плејофот на Вембли во еден од најдрамартичните натпревари во англсикиот фудбал; откако најпрво Мануел Алмуниjа му одбранил пенал Антони Нокер, Вотфорд организирал брз противнапад кој бил завршен со голот на Дини со кој Вотфорд победил со 3-1 и на тој начин ја анулирале негативата од првиот натпревар (1-0 за Лестер) и избориле пласман во финале. Сепак, во финалето Вотфорд бил поразен од Кристал Палас по продложенија со што останале без промоција во највисокото ниво на англискиот фудбал.[26] ![]() Откако постигнал 20 гола во сезоната 2012-2013, Дини продолжил таму каде што застанал постигнувајќи го единствениот гол за Вотфорд во победата со 1-0 на гостувањето кај Бирмингем Сити во првиот натпревар од сезоната 2013-2014.[27] Една недела подоцна на 10 август, Дини постигнал хет-трик за Вотфорд во победата со 6-1 над Борнмут на Викариџ Роуд. Со тоа тој станал првиот играч на Хорнетс кој постигнал хет-трик уште од Мајкл Чопра во 2003 година, и првиот што го направил тоа на Викариџ Роуд уште од Дејвид Коноли на 7 декември 1996 година. Тоа, исто така, бил и првиот хет-трик во кариерата на Дини.[28] Со двата гола против Шефилд Венздеј на 29 март 2014 година, Дини стигнал до бројката од 20 гола за сезоната 2013-2014. Тој станал првиот играч на Вотфорд кој постигна 20 или повеќе голови во сите натпреварувања во две последователни сезони, уште од Лутер Блисет во 1983 година.[29] Со новиот гол, во ремито 1-1 против Барнли на 5 април 2014, дошол нов рекорд како Дини станал првиот играч на Вотфорд кој постигнал 20 првенствени голови во две последователни сезони по Клиф Холтон кому му успеало ова во 1961 годината.[30] Фантастичната сезона напаѓачот на Вотфорд ја завршил со 25 гола во сите натпреварувања по што освоил две награди за Играч на сезоната на Вотфорд како и за Играч на годината во избор на играчите на 2 мај 2014 година.[31] По заминувањето на Мануел Алмунија, Дини бил назначен за капитен на Ватфорд од менаџерот Џузепе Санино пред почетокот на сезоната 2014-2015.[32] На 5 декември 2014, тој го постигнал својот втор хет-трик во кариерата во победата со 5-0 на гостувањето кај Фулам. За време на сезоната 2014-2015 во Чемпионшип лигата, Дини му помогнал на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата постигнувајќи 21 гол со кој завршил на делба на второто место на списокот на стрелците (со Џордан Роудс) со 6 гола помалку од стрелецот на сезоната Дерил Марфи од Ипсвич. Тој исто така станал првиот играч во историјата на Вотфорд кој постигнал 20 или повеќе гола во три последователни сезони (2012-2013, 2013-2014, 2014-2015). 2015–2020: Годините во Премиер лигатаНа 8 август 2015, Дини го направил своето деби во Премиер лигата, излегувајќи како капитен на Хорнетс во нивното отворање на сезоната 2015–2016, во ремито 2–2 со Евертон на Гудисон Парк.[33] На 24 октомври, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера, кога Вотфорд го поразил Стоук Сити со 2-0 на Британија.[34] На 21 ноември, Дини постигнал гол од пенал против Манчестер Јунајтед во 87-тата минута за да се изедначи; веднаш по тоа, тој постигнал автогол гол во 90-тата минута за да му помогне на Манчестер Јунајтед сепак да обезбеди победа од 2-1 над Вотфорд во драматична промена на настаните на Викариџ Роуд.[35] Дини ја продолжил својата гол-серија на пет од шест натпревари постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0 против Норич Сити на 5 декември 2015 година.[36] На 13 февруари 2016, Дини за првпат во својата кариера постигнал два гола на еден натпревар од Премиер лигата, во победата на гостувањето кај Кристал Палас со 2-1.[37] Сезоната 2015-2016 ја завршил со 38 настапи и 13 гола во првенството и уште 2 гола во 5 настапи во куповите. На 1 јули 2016, Дини потпишал нов петгодишен договор со Вотфорд.[38] Својата голгетерска сметка за сезоната 2016-2017 ја отворил на 10 септември, во победата со пресврт од 4-2 над Вест Хем Јунајтед на Олимпискиот стадион во Лондон.[39] На 26 декември 2016, Дини го постигнал својот 100-ти гол во дресот на Вотфорд во сите натпреварувања со успешно реализираниот пенал во ремито 1–1 на домашен терен против Кристал Палас, завршувајќи ја својата серија од 10 натпревари без постигнат гол. Тој станал тек петтиот играч во историјата со трицифран број на голови за Хорнетс.[40] Сезоната 2016-2017 ја завршил со 40 настапи и 10 гола (сите во Премиер лигата) во сите натпреварувања. Сезоната 2017-2018 Дини ја започнал повреден, пропуштајќи ги првите два натпревари во сезоната: ремито 3-3 на домашен терен против Ливерпул поради повреда на препоните и победата со 2-0 на гостувањето кај Борнмут во кое не влегол во игра иако бил на клупата за резервни играчи. Својот прв гол за сезоната го потигнал 14 октомври 2017, помагајќи му на Вотфорд најпрво да израмни со неговиот гол од пенал, а потоа преку Том Клеверли и да направи целосен пресврт и дојде до голема победа над Арсенал со 2-1 на Викариџ Роуд. На 24 февруари 2018, Дини го постигнал единствениот гол во натпреварот против Евертон во победата на домашен терен со 1-0, а една недела подоцна на 3 март 2018, против Вест Бромвич Албион на истиот стадион му донел донел нова победа на својот тим со истиот резултат 1-0. Сезоната 2017-2018 ја завршил со 31 настап и 6 гола во сите натпреварувања. ![]() Во мај 2020 година, по суспензијата на Премиер лигата поради пандемијата на КОВИД-19, Дини првично одбил да се врати во не-контакт тренинг форма со неговите соиграчи. Тој рекол дека не сака да го стави во ризик своето петмесечно дете, кое има тешкотии со дишењето, велејќи дека „потребно е само едно лице да се зарази во групата и не сакам да го донесам тоа дома“.[41] Дини на крајот се вратил на тренинзите и бил капитен на Вотфорд во нивниот прв натпревар после паузата поради пандемијата против Лестер Сити, играјќи ги сите 90 минути. На 11 јули, тој постигнал два гола од пенал во второто полувреме за да му помогне на својот тим да ја надополни негативата и да победи на домашен терен против Њукасл Јунајтед.[42] Дини по натпреварот открил дека страдал од повреда на десното колено од рестартирањето на сезоната, но ветил дека ќе го дочека крајот на сезоната како капитен на клубот и ќе се обиде да го спаси Вотфорд од испаѓање.[43] По оваа објава, Дини често бил заменет во втората половина од повеќето натпревари до крајот на сезоната за да го олесни обемот на работа на неговото колено. Тој повторно постигнал гол во поразот со 3–1 против Вест Хем Јунајтед на 17 јули.[44] Во последниот натпревар на Вотфорд во сезоната против Арсенал, Дини одиграл цели 90 минути и постигнал гол од пенал во првото полувреме, но не можел да го спречи Вотфорд да загуби со 3–2, завршувајќи на 19-тото место и претрпувајќи испаѓање во Чемпионшип.[45] По овој пораз, многу се шпекулирало дека Дини го одиграл својот последен натпревар за клубот; тој исто така прокоментирал, дека е „несигурен“ за неговата иднина во Ватфорд.[46] 2020–2021: Последните години во ВотфордИ покрај широко распространетите гласини за неговото претстојно заминување[47] и интересот од Тотенхем,[48] Вест Бромвич Албион[49] и Фенербахче,[50] Дини останал во Вотфорд. Иако најчесто бил резерва и повеќе немал толку централна улога во клубот, со 19 настапи и 7 голови во Чемпионшип, Дини помогнал Вотфорд веднаш да се врати во Премиер лигата.[51] На почетокот на следната сезона, Дини влегол како замена во 79-тата минута на местото на Том Клеверли во првиот натпревар на Вотфорд по нивното враќање во Премиер лигата на 14 август 2021 година, помагајќи тимот да обезбеди победа над Астон Вила на домашен терен со 3–2.[52] Својот последен настап за Вотфорд, го имал на 21 август во поразот со 2–0 на гости од Брајтон енд Хоув Албион, влегувајќи како замена во 78-мата минута на местото на Кен Сема.[53] На 30 август 2021 година, Дини го напуштил Вотфорд како слободен агент по единаесет години во клубот; вкупно за клубот забележал 419 настапи и постигнал 140 голови.[54][55] Бирмингем СитиНа 30 август 2021 година, Дини потпишал двегодишен договор со Бирмингем Сити, клубот за кој навивал уште од дете.[56] Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 19 септември 2017.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia