Туле (пустина во Невада)За истоимената пустина во Аризона, видете Туле (пустина во Аризона). Пустината Туле ― пустина која се наоѓа во југоисточна Невада во округот Линколн, во близина на линијата на државата Јута.[1] Пустината лежи североисточно од Морморските Планини, јужно од Детелинските Планини и западно од Туле Спрингс Хилс.[2] Пустината се спушта од височина од околу 1,300 м на подножјето на Детелинските Планини западно од планината Лајм на околу 910 м околу 27 км на југ-југоисток кон тесниот Токупски Процеп помеѓу Источните Мормонски Планини и ридовите Туле Спрингс.[2] Голем број истекувања ја исцедуваат пустината во правец главно север-југ. Бунарот на пустината Туле лежи западно од планината Џамблд на јужниот крај од ридовите Туле Спрингс.[2] Пристапот е преку окружен пат источно од Лајмановиот Премин долж железничката пруга Јунион Пацифик помеѓу Карп и Елџин во Медоу Долина Вош. Патот продолжува на југ помеѓу Мормонските и Источно Мормонските Планини за да се поврзе со меѓудржавниот пат 15 во Невада на излезот 100 западно од Месквит во округот Кларк.[2][3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia