Угар![]() Угар[1][2] или прелог[3][4] — древна метода во земјоделството. Се применува за да се врати плодноста на земјиштето и да се обноват хранливите материи, па се вели дека земјиштето е оставено „на угар“.[5] Одморот на земјоделската почва може да трае година или две. Зборот е образуван од у + прасловенскиот гар, во денешниот руски гар' е „спалено место во шума“.[6][7] Разликата меѓу угар и прелог е што з угарот е изоран, а прелогот е неизоран. Во минатото, ова бил важен метод за одржување на плодноста на почвата.[5] Битен е плодоредот. Обновувањето на плодноста се врши со природна насобирање на хумус и азот. Одморањето на почвата се вршело со цел да се избегне штетната појава во почвата, т.н. „замор на почвата“.[8] Интензивното земјоделство, воведувањето современа механизација, опрема и употребата на хемиски средства во зафатите за одгледување растенија и добиток доведло до исчезнување на угарот.[5] Можностите за обилно ѓубрење и фитозаштита му ја одзеле првобитната улога на угарот, што довело до тоа истиот да се гледа како запуштена област која не носи никаква добивка, бидејќи производството на неа е со долг прекин. Ова е искривена слика и Програмата за непосредни плаќања го става угарот во еколошки значајни области. Со него се добива дополнителен поттик и се нагласува еколошката вредност и неопходност.[8] Земјата се остава на угар и заради тоа што на него не можело да се спроведат агротехнички мерки во оптимален рок. Ова време без земјоделско производство може да се искористи за мерки за поправка на почвата и спроведување на мерки за калцификација, хумификација и мелиорација, доколку е потребно.[9] Ако изникне растителна покривка, дозволено е да се прекрива, да се помине со брана, плитко да се ора, да се коси, но не и да се сузбива со хербициди.[9] Мирувањето никако не значи запуштање на земјиштето. Ако се дозволи обработливата нива да зарасне во плевел и плевелот пушти семе, ќе се прошири на неа и на соседните ораници. Плевелите се домаќини на бројни растителни болести. Покрај тоа, неодржуваната честичка е извор на штетници, бидејќи инсектите, глодачите и другите животни се размножуваат непречено.[9] Доколку не се одржува, земјиштето се смета за неземјоделско. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia