Универзитет Американ Колеџ Скопје
Универзитет Американ Колеџ Скопје (скр. UACS) — приватен универзитет основан во 2005 година. Седиштето е во Скопје, Македонија. Просториите на UACS опфаќаат 4.000 м2. Факултети
БиблиотекаБиблиотеката на UACS има 1500 наслови или 6500 книги. Од 2008 година, библиотеката на УАКС започнала со издаваштво. Првата книга што е издадена е Основи на статистика од Евица Делова, а после тоа библиотеката на УАКС продолжила со издавање на други книги: Макроекономија од Томе Неновски, Децентрализација на власта во Република Македонија од Зоран Шапуриќ, Кон универзиите од третата генерација од Ханс Визема, Животна средина и одржлив развој од Зоран Шапуриќ и други. Покрај овие книги, библиотеката има објавено голем број скрипти (23) и осум книги во електронска форма, според правилата утврдени од домашната библиотека (НУБ) во Македонија, кои исто така се содржани во Правилата за објавување на UACS. Студентски советСтудентскиот совет помага да се споделат идеите, интересите и грижите на студентите со професорите и ректорот. Исто така им помага на студентите да соберат средства за училишни проекти. Користена литература
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia