Унија (теорија на множества)![]() ![]() Унија (со ознака ∪) на одредена група множества – множество од сите елементи во групата.[1] Таа е една од фундаменталните операции со која множествата можат да се комбинираат и меѓусебно поврзуваат. Унија на две множестваУнија на две множества А и В е множеството елементи кои се елементи на множествата А, В или во А и В “. Изразено со симболи,
На пример, ако А = {1, 3, 5, 7} и B = {1, 2, 4, 6} тогаш A ∪ B = {1, 2, 3, 4, 5, 6, 7}. Посложен пример (кој вклучува две бесконечни множества) е:
Множествата не можат да имаат дупли елементи,[2][3] следствено унијата на множествата {1, 2, 3} и {2, 3, 4} е {1, 2, 3, 4}. Повеќекратното присуство на идентични елементи нема ефект на кардиналноста на множеството или неговата содржина. Алгебарски својстваБинарната унија е асоцијативна операција; така, Операциите може да се извршуваат по кој било редослед и заградите може да се испуштат без промени на резултатот (горниот израз еквивалентно може да се изрази како A ∪ B ∪ C). Слично, унијата е комутативна, па множествата може да бидат напишани по кој било редослед.[4] Празното множество е неутрален елемент за операцијата унија. Така, A ∪ ∅ = A, за кое било множество A. Ова следи од аналогните факти за логичката дисјункција. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia