КардиналностКардиналност (моќност) — поим за бројноста на членовите во едно множество. На пример, множеството A = {2, 4, 6} содржи 3 члена, па затоа велиме дека A има кардиналност 3. Постојат два приода кон кардиналноста — едниот множествата ги споредува непосредно со бијекции и инјекции и друг со примена на кардинални броеви.[1] Кардиналноста на едно множество A обично се означува со | A |, т.е. исправена црта од обете страни. Ова е истата нотација што се користи за апсолутна вредност, па затоа значењето зависи од контекстот. Друг начин е да се означи со n(A), A, card(A) или # A. Споредба на множестваПрв случај: | A | = | B |
Втор случај: | A | ≥ | B |
Трет случај: | A | > | B |
Кардинални броеви![]() Релацијата на еднаква кардиналност се нарекува рамнобројност, па така претставува релација на еквиваленција на класата на сите множества. Така, класата на еквивалентност на множеството A со ваква релација се состои од сите тие множества што имаат иста кардиналност како A. Постојат два начина да се дефинира „кардиналност на множеството“:
Кардиналностите на бесконечни множества се претставуваат со For each , е најмалиот кардинален број поголем од . Кардиналноста на природните броеви се бележи со алеф-нула (), додека пак кардиналноста на реалните броеви се означува со „“ и се нарекува кардиналност на континуумот. Користејќи го дијагоналниот аргумент, Кантор покажал дека . Можеме да покажеме дека , што е и кардиналноста на множество од сите подмножества на природните броеви. Хипотезата за континуумот дели дека , т.е. е најмал кардинален број поголем од , што значи дека не постои множество чија кардиналност е строго помеѓу таа на целите и онаа на реалните броеви. Хипотезата за континуумот останува неразрешена во „апсолутна“ смисла.[2] Конечни, преброиви и непреброиви множестваАко важи аксиомата за изборот, тогаш за кардиналноста ќе важи законот за трихотомија . Така, можеме да ги дадеме следниве дефиниции:
Бесконечни множестваЛогичкото чувство стекнато работејќи со конечни множества нè напушта кога работиме со бесконечни множества. Кон крајот на XIX век, математичарите како Георг Кантор, Готлоб Фреге, Рихард Дедекинд и други го отфрлиле вкоренетото становиште на Галилео (изведено од она на Евклид) дека целото не може да има иста величина како негов дел. Еден ваков пример е Хилбертовиот парадокс. Дедекинд го дефинира бесконечното множество како она што може да се стави во совпаѓање еден на еден со строго подмножество (т.е. има иста величина во Канторова смисла). Ова поимање за бесконечноста се нарекува „Дедекиндова бесконечност“. Кантор ги вовел кардиналните броеви и покажал дека (согласно неговата бијекциска дефиниција за величина) некои бесконечни множества се поголеми од други. Најмалата бесконечна кардиналност е онаа на природните броеви (). Кардиналност на континуумот![]() Еден од најважните исходи од Канторовата работа е утврдувањето дека кардиналноста на континуумот () е поголема од онаа на природните броеви () — дека постојат повеќе реални броеви R од цели броеви N. Имено, Кантор покажал дека
Хипотезата за континуумот вели дека не постои кардинален број помеѓу кардиналноста реалните и кардиналноста на природните броеви:
Меѓутоа, оваа хипотеза не може да се докаже, ниту да се побие во рамките на општоприфатената Цермело-Френкелова аксиоматска теорија на множествата, доколку истата е доследна. Со кардиналната аритметика покажуваме не само дека бројот на точки на реалната бројна оска е еднаков на бројот на точки на отсечка од таа оска, туку дека ова е еднакво на бројот на точки на една рамнина и впрочем секој простор со конечен број димензии. Ваквите наоди изгледат многу бидејќи подразбираат дека постојат строги подмножества и строги надмножества на бесконечно множество S кои имаат иста величина како S, иако S содржи членови што не им припаѓаат на неговите подмножества, а надмножествата на S содржат членови што не се вклучени во него. Прваиот од овие наоди е воочлив разгледувајќи, на пример, тангентна функција, што дава совпаѓање еден на еден помеѓу интервалот (−½π, ½π) и R. Вториот наод Кантор ја покажал во 1878 г, но станала поочигледна во 1890 г, откако италијанскиот математичар Џузепе Пеано ги вовел бесконечно густите криви — криви што се извиваат и свртуваат достатно многу за да исполнат цел еден квадрат, коцка, хиперкоцка или конечнодимензионален простор. Ваквите криви не претставуваат непосреден доказ дека линијата има ист број на точки како конечнодимензионален простор, но можат да се употребат за да се дојде до таков доказ. Кантор исто така покажал дека постојат множества со кардиналност строго поголема од . На пример, тука спаѓа:
Обете имаат кардиналност
Кардиналните еднаквости and can be demonstrated using кардинална аритметика: Примери и својства
Унија и пресекАко A и B се дисјунктни множества, тогаш Оттука начелно можеме да покажеме дека кардиналностите на униите и пресеците се во релацијата[3] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia