Управна поделба на Русија
Како најголема земја во светот, и една од најнаселените, Русија има неколку видови и нивоа на управна поделба. Федерални субјекти![]() Русија е федерација која се состои од 85 субјекти[1]. Овие субјекти имаат еднакви федерални права во смисла дека се подеднакво претставени во собранието—секој има двајца делегати—во Советот на Федерацијата (горниот дом на рускиот парламент). Меѓутоа тие се разликуваат по степенот на автономија која ја уживаат. Автономните окрузи, додека се субјекти сами за себе, истовремено се сметаат за административна поделба на други федерални субјекти (со единствен исклучок на Чукотскиот автономен округ). Федералните субјекти се сметаат за второ ниво на поделба, бидејќи се предмет на федералните закони (прво ниво). Административна поделбаСекој федерален субјект има одредено своја административната и територијална поделба посебно. Еве генерализирана список на видови на административна поделба на пониско ниво (3то ниво) на федералните субјекти:
Типични административни единици од 4то ниво:
Општински целини и меѓуопштински територииВо текот на општинската реформа во Русија (руски: муниципальная реформа в России), сите федерални субјекти на Русија требале да си ги усогласат самоуправните структури, гарантирано според Уставот на Русија. Според оваа реформа секој субјект треба да има унифицирана структура на општинските управни тела до January 1, 2005, и законот за нивно извршување стапил во важност на 1 јануари, 2006. Според законот, единиците на општинска поделба се:
Други поделбени единициФедерални окрузиСите федерални субјекти се групирани во девет федерални окрузи[2], секој под управа на претставник назначен од претседателот на Русија. Пратениците на федералните окрузи служат како врска помеѓу федералните субјекти и федералната влада и се главно одговорни за надгледување на почитувањето на федералните закони. Економски региони![]() За економски и статистички цели, федералните субјекти се делат на 11 економски региони[2]. Економските региони и нивните делови кои делат заеднички економски трендови пак, се групираат во економски зони и макрозони. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia