ФК Академија Пандев
ФК Академија Пандев — македонски фудбалски клуб од градот Струмица. Од 2017 година е дел од Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев е проект на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Тимот оваа сезона натпреварите ги игра на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица. Најголемиот успех на клубот во натпреварувањата е пласманот во квалификациите за Лига Европа во 2019 година преку победата во финалето од Купот на Македонија. Историја![]() Клубот е создаден во 2010 година како академија која работи само со младинските категории, но од 2014-та формира свој прв тим и започнува да се натпреварува во сениорските лиги. Покрај сениорскиот тим, во 2014 година Горан Пандев инвестирал и во спортската инфраструктура. Истата година започнува изградбата на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, во непосредна близина на градскиот стадион, кој во иднина треба да послужи како официјален терен на Академијата. Овој центар треба да претставува модерен мултифункционален објект за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев.[1] Откако го формира својот сениорски тим во 2014 година, Академијата го започнува својот пат од најниската, општинската лига. По една сезона во општинската, и друга во Третата лига, тимот се пласира во Втората лига каде има уште една успешна сезона и во 2017 година го обезбедува својот влез во најелитната Прва македонска фудбалска лига.[2] ![]() Академија Пандев го отворила својот пат кон европскиот фудбал во 2019 година кога ја победила Македонија Ѓорче Петров 1932 во финалето од Купот на Македонија.[3] Тимот на Тренчовски дебитирал во квалификациите за Лига Европа против Зрињски од Мостар. Првата средба против Зрињски, Академијата ја играла на Националната арена во Скопје каде неславно загубила со 0:3, а втората средба во Босна и Херцеговина исто така завршила со 3:0 за тимот од Мостар.[4][5] На 7 ноември 2020, во рамките на Првата лига 2020/21, Академија Пандев заиграл на својот терен во Спортскиот центар Пандев кој станал негов траен домашен терен.[6][7][8] ИграчиМоментален состав
Титули
Настапи во европските натпреварувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia